Јога прирачник за почетници

Во брзиот свет во кој живееме денес, неопходни ни се неколку минути дневно кои ќе го опуштат целиот организам. Добро сместете се, распоредете ги мислите и започнете...

joga-priracnik-za-pocetnici-01

Не се лажете дека јогата е само за истегнување на мускулите или пак опуштање со миризливи свеќи и будистичка музика. Ако не ви се допаѓа еден вид на јога, можеби ќе ви се допадне друга. Оваа активност се прилагодува на вашите потреби.

Во основа, вежбањето јога е од спиритуална природа, но јогата која денес е достапна на сите е повеќе фокусирана на физичката дисциплина.

За сите кои не можете да се одлучите каков тип на јога вежби сакате, овој прирачник веруваме дека ќе ви биде од голема помош.

Anusara

Ansuara значи да зачекорите во моменталната убавина на натприродната волја. Оваа јога е откриена кон крајот на 90те години и базирана е на внатрешното исполнување. Anusara ја користи физичката сила за да им помогне на своите ученици да ги отворат своите срца, да доживеат благодет и да ја пуштат својата внатрешна добрина.

Ashtanga

Ashtanga е ригорозна техника на старата источна јога која е доведена во нашите краеви кон крајот на 70те години. Таа е спој од специфични пози и слична е на јогата vinyasa по тоа што секое движење е поврзано со дишењето. Ashtanga јогата е составена од вежби во иста поза и во иста низа. Неопходно е вашето тело да усоврши една поза и да издржите во истата проследено со минимум 5 земања на воздух, а тек тогаш можете да преминете на усовршување на следната.

Bikram

Bikram јогата е најпопуларниот тип на јога која се вежба во загреани простории. Овде се вежбаат 26 пози по ист редослед. Меѓутоа, овој тип на јога вежби се најактивни, така што неопходно е посебно внимание на мускулите. Во загреани простории тие се порастегливи, па ретко кога ја чувствуваме границата на издржливост.

joga-priracnik-za-pocetnici-02

Hatha

Кога ќе го видите Hatha името, никогаш не знаете што да очекувате. Многу е веројатно дека тоа ќе биде микс од повеќе вежби, проследени со гласно дишење и воздивнување, како и весела композиција од брза јога. Овој тип на јога одлично го подига расположението и ви ги релаксира мислите.

Jivamukti

Ако барате јога која се базира на медитација и која воедно внатрешно ве исцрпува, Jivamukti јогата е она што го барате. Овој стил ја комбинира Ashtangu јогата со спиритуално учење. Ќе пеете, медитирате, читате и слушате музика. Почетните часови се фокусираат на стоечките пози, а потоа преминуваат на позите кои го растегнуваат вашето тело.

Restorative

Со овој тип на јога можете феноменално да се опуштите и да го опоравите вашето тело. На часовите се користат душеци, лежаи и блокови за јога кои ќе ве натераат да бидете пасивни и мрзеливи. Овие часови најчесто се препорачуваат во петок навечер, кога на телото му е неопходна релаксација и внатрешен мир.

Vinyasa

Vinyasa во суштина значи проток, така што на овие часови ќе научите како да го движите телото поинтензивно и поенергично. Ако не ја сакате рутината, ако сте креативни и сакате да ги испробате своите физички граници, Vinyasa јогата е создадена за вас. Очекувајте интензивен час полн со движење на секој мускул.

Додека да се одлучите кој тип на јога идеално се вклопува во вашето секојдневие, испробајте ги овие 12 чекори за јога почетници.

joga-priracnik-za-pocetnici-03

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg