Прошетките се извор на здравјето

Пешачењето ве одржува здрави и витки, но и споредувано со автомобил дефинитивно ви заштедува пари за гориво и паркинг. Често, побргу стигнуваме на одредена дестинација пешки отколку со атомобил.

proshetkite-se-izvor-na-zdravjeto-01

Па бидејќи времето се затопли, практикувајте неколку пати во неделата да пешачите. Ние ќе ви помогнеме вашето пешачење да го направите уште по забавно.

Погледнете како:

Менувајте ја рутината - често менувајте ја патеката на движењето, така пешачењето нема да премине во монотонија, со самото тоа што вашиот поглед ќе биде изложен на различни работи околу вас.

Задолжително понесете си музика и пуштете си плеј лист со омилени песни кои ве расположуваат и ве прават среќни и безгрижни.

Во прошетките гледајте како едно бегство од реалноста, проблемите и секодневието. На тој начин, ќе имате желба за подолги прошетки.

Размислувајте и избистрете си ги мислите. Додека шетате размислете за се она што ви се случува, за одреден проблем или ситуација, на тој начин со шетањето побргу ќе стигнете до соодветен одговор или решение.

Повикајте некого со вас на кратка прошетка - шетањето во пар е секогаш интересно и забавно.

Уживајте во прекрасниот ден, застанете и набљудувајте ја природата околу вас. Вдишете од свежината, а во ноќите не заборавајте да шетате под отвореното ѕвездено небо.

Прошетката е прекрасна, бидејќи така во целост ќе се предадете на животот и неговите убавини. Доколку преку неделата сте зафатени, не пропуштајте ниту еден викенд да се тргнете од асфалтот и да избегате во зеленилата на природата.

Прошетките се дефинитивно најголемиот причинител за одржувањето на витката линија но и на здравјето.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg