10 начини да го забрзате метаболизмот без вежбање

Без изгладнување и напорни тренинзи, возможно е да го забрзате метаболизмот за помалку од неколку минути. Еве како:

10-nacini-da-go-zabrzate-metabolizmot-bez-vezbanje-01

1. Штом станете, испијте 2 чаши студена вода. Ако во текот на 1 година ја воведете само оваа навика, ќе изгубите помеѓу 2 до 3 килограми.

2. Држете го лаптопот на пулт за стоење. Додека седите, не ги користите мускулите, па затоа 1 до 2 часа во денот потрудете се да стоите додека чепкате низ лаптопот.

3. Кога се туширате, започнете со топла вода 2-3 минути, а потоа пуштете ладна вода 30 до 45 секунди. По ова туширање, ќе почувствувате како крвта ви струи низ телото.

4. Редовното спиење по најмалку 8 часа ќе го забрза метаболизмот двојно повеќе, отколку ако имате непреспана ноќ.

5. Храната земајте ја во пократок дел од денот, односно, започнете со здрав појадок во 9 часот и завршете со вечера во 18 часот попладне. Потоа, пијте многу вода.

6. Познато е дека лутата храна ги намалува килограмите, а покрај тоа и го подобрува варењето, циркулацијата и го подигнува нивото на енергија. Затоа, неколку лути пиперчиња за ручек нема да ви штетат.

7. Доколку сте во можност, користете кокосово масло кое е најчист облик на масло за јадење. Наместо да се таложи во маснотии, кокосовото масло содржи масни киселини кои брзо се апсорбираат и варат.

10-nacini-da-go-zabrzate-metabolizmot-bez-vezbanje-02

8. Намирниците богати со влакна се уште едни во низата кои може да го забрзаат метаболизмот. Се препорачува див ориз, кој има 2 пати повеќе влакна од кафеавиот ориз, како и тестенини од цело зрно.

9. Студиите покажале дека зелениот чај е најдобриот кога сакате да изгубите некој килограм плус. Ако испиете 2 шолји чај наутро, ќе внесете катехин и кофеин кои ги забрзуваат метаболизмот.

10. Протеините и калциумот кои се присутни во јогуртот и киселото млеко ги прават најдобри намирници за попладневна ужина. Консумирајте половина шолја јогурт или кисело млеко со ананас за инстантно забрзување на метаболизмот.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg