Ако откажувањето на цигарите е вашата новогодишна желба: 5 намирници кои ќе ви помогнат

Прва работа од која се плашите кога ќе престанете да пушите е дека одеднаш ќе се здебелите. Неретко една лоша навика ја заменуваме со друга, без да знаеме дека храната може да биде наш најголем сојузник во оваа борба со никотинот.

ako-otkazuvanjeto-na-cigarite-e-vasata-novogodisna-zelba-5-namirnici-koi-ke-vi-pomognat-01.jpg

1. Ако пред цигарата испиете млеко или каснете малку морков или целер, цигарата ќе има поинаков и непријатен вкус и мирис. На тој начин сигурно ќе се откажете или барем ќе ја одложите за малку подоцна.

2. Јадењето на овошје богато со витамин Ц како портокал, лимон или грејпфрут ја намалува потребата за цигари.

3. Солената храна ја намалува потребата за никотин. Кога ќе почувствувате потреба за цигара, наместо да запалите обидете се да каснете нешто солено како на пример кисела краставичка или пиперка.

4. Често џвакајте мастика. Кога устата ви е постојано активна, нема да имате толкава потреба за цигара.

5. Дури и мирисот на сувото овошје ви помага да ја намалите желбата за никотин. Грицкајте суво овошје во умерени количини за да си го олесните процесот на откажување.

Имате уште некој трик за успешно оставање на цигарите?

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg