Ако не додавате парче краставица во водата, не знаете што пропуштате

Овој пијалак е едноставен и многу вкусен начин да бидете здрави. Се што ви е потребно е свежа вода и краставица. Искомбинирајте ги двете и имате екстремно полезен и здрав пијалак.

ako-ne-dodavate-parce-krastavica-vo-vodata-ne-znaete-sto-propustate-001.jpg

Внесувањето доволно течности е еден од најважните аспекти на здравјето но ајде да бидеме сосема искрени - водата е досадна! Понекогаш сите сакаме нешто што има поизразен вкус.

Водата со краставица е здрава и ароматична замена за останатите пијалоци кои инаку би ги консумирале. Токму поради ова, пиењето на овој пијалак може да помогне во губењето на несаканите килограми.

Најефективен начин да ослабнете е да го намалите внесувањето на калориите па место да пиете овошен сок или газиран пијалак, пијте вода со краставица. Водата има нула калории а една краставица има помалку од 50 калории, па ако додадете неколку кругови краставица во една чаша вие внесувате многу помалку калории отколку што би внеле кога би испиле една лименка газиран сок (150 калории) или чаша сок од јаболка (113 калории).

Оваа освежителна вода помага да одржуваме балансиран апетит. Кога сме дехидрирани, понекогаш место жед чувствуваме глад. Кога ќе се напиете вода со краставица, не само што ќе ги надополните потребните течности туку ќе внесете доволно калории за да го ублажите гладот се до наредниот оброк.

Освен што ќе ви помогне да ослабете, овој пијалак е одличен за вашата кожа бидејќи краставицата содржи силициум диоксид кој помага кај проблеми со акни. Силициум диоксидот помага да се зајакне и мускулното ткиво.

Водата со краставица е полна со корисни витамини и антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините А и Д. Ако сте мамурни, водата од краставица може да ви помогне полесно да си дојдете на себе.

Навистина, нема оправдување зошто да не ја пиете.

ako-ne-dodavate-parce-krastavica-vo-vodata-ne-znaete-sto-propustate-1

Еве како да направите вода од краставица:

Земете мирисна, свежа краставица и убаво измијте ја, исечкајте ја на кругови и оставете ја во вода неколку часа (или преку ноќ). Ако сакате поинтензивен вкус, можете да додадете и нане, лимон или јагоди.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg