4 работи кои треба да ги знаете за утринската вода со лимон

Пиењето на вода со лимон наутро е тема на разговори изминативе неколку години, а речиси и да нема човек кој не ја пробал оваа навика, барем на кратко.

4-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-utrinskata-voda-so-limon-01.jpg

Сепак, сè уште има 4 неразјаснети прашања околу кои луѓето се двоумат и се мислат како оваа навика би имала подобри резултати.

1. Колку лимони би требало да купам и употребам?

Половина лимон дневно во водата е сосема доволно. Што се однесува до количината која можете да ја купите, 1 килограм е доволен за 3 недели. Важно е лимоните да ги чувате во фрижидер затоа што на тој начин најдолго остануваат свежи.


2. Дали смеам да додадам шеќер?

Се разбира дека не. Целта на оваа навика е да го исчистите телото и да се чувствувате подобро. Додавањето на шеќер го има спротивниот ефект. Некои луѓе не го поднесуваат киселиот вкус, па додаваат лажица мед, која има 64 калории. Доколку внесувате половина чист лимон со вода, внесувате само 10 калории. Одлуката е ваша.


3. Како да ја заштитам забната глеѓ?

Некои веруваат дека лимонот е штетен за здравјето на забите. Ако имате чувствителни заби пробајте да користите природни препарати и пасти, наместо да исклучувате одреден тип на храна, поконкретно лимонот. Ако сте во можност, добро е да ги миете забите половина час по пиењето на сок од лимон или да ја исплакнете устата со големи количини вода.


4. Што да правам ако немам време за цедење сок секое утро?

Одлична алтернатива на свежиот сок е истиот да го замрзнете во калапи за мраз. Потоа сè што треба да направите е да земете една коцка мраз од лимон и да ја додадете во чашата со вода.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Анкета на Клиниката за психијатрија под мотото „Спиј добро, живеј подобро“: 40% испитаници се соочув... Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да з...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава