Марихуана: ефекти и последици
И покрај легализацијата на марихуаната во голем број земји од светот, факт е дека користењето на оваа дрога може да предизвика различни проблеми...
...со здравјето. Марихуаната важи за една од најкористените дроги на светот. Ефектот започнува речиси веднаш и може да трае од 1 до 3 часа (во зависност од испушената количина).
Кога се зема во колачиња (muffins, cookies) потребно е подолго време за да се појават ефектите – но, најчесто трае подолго.
Краткорочните ефекти од користење марихуана се:
- Нарушена перцепција
- Проблеми со меморијата и учењето
- Намалена способност за координација
- Проблеми со размислувањето и решавање на проблемите
- Забрзано чукање на срцето и проблеми со крвниот притисок.
Понекогаш марихуаната може да предизвика нервоза, стравови, недоверба и панични напади.
1. Ефекти врз мозокот. Кога станувате подолгорочен корисник на марихуна може да се соочите со:
- Халуцинации
- Дезориентација
- Нарушена меморија
- Илузии
2. Ефекти на срцето. Неколку минути по пушење на марихуаната, срцето започнува забрзано да чука и крвниот притисок опаѓа.
Марихуаната може да го забрза отчукувањето на срцето за 20 до 50 пати во минута, а доколку истовремено се земаат и други дроги дури и повеќе.
Заради намалениот крвен притисок и зголемената брзина на отчукување на срцето, истражувачите дошле до заклучок дека кај корисниците на марихуана ризикот за срцев удар е 4 пати поголем.
3. Ефекти на белите дробови. Пушењето марихуана може да предизвика трнење и сушење на устата и грлото како потешка кашлица.
Научниците покажеле дека оние кои редовно пушат марихуана можат да имаат исти респираторни проблеми како и пушачите на цигари вклучувајќи:
- Дневна кашлица
- Зачестени акутни болки во градите
- Зголемен ризик од инфекции на белите дробови
- Потешкотии во дишењето
Марихуаната содржи повеќе канцерогени состојки од тутунот, а бидејќи најчесто димот се задржува подолго и се вдишува подлабоко, белите дробови на пушачите на марихуаната се поизложени на канцерогени заболувања.
Би можело да ве интересира:





