Петдневна овошна диета

Тоа што заврши летото и не морате веќе да се грижите како ќе изгледате во костим за капење, воопшто не е изговор за да не внимавате на своето тело и линија.

petdnevna-ovosna-dieta-2-1.jpg

Овошјето и зеленчукот се храна која можете да ја консумирате онолку колку што сакате, без да има негативен одраз врз вашата тежина.

Дополнително, тие содржат многу витамини и минерали кои го зајакнуваат вашиот имунитет и му ја даваат потребната енергија на телото.

Сепак, треба да внимавате и во изборот на овошје и зеленчук. Јадете производи кои содржат мал процент шеќери, а голем процент вода.

Затоа, избегнувајте банани, компир, грашок, грав...

Следната овошна диета ќе ви помогне да ги намалите вишокот килограми и да стигнете до саканата тежина.

Ден 1

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, варено јајце, 1 кисело млеко

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, 1 краставица, 2 парчиња двопек

Ден 2

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, варено јајце, 1 кисело млеко, 2 парчиња двопек

Вечера: 125 g варено говедско месо, 1 домат, овошје, 1 парче двопек

petdnevna-ovosna-dieta-2-2.jpg

Ден 3

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: овошје, кисело млеко, 2 краставици

Вечера: 125 g варено говедско месо, овошје, двопек

Ден 4

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: 125 g сирење, 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 125 g варено говедско месо, овошје, двопек

Ден 5

Појадок: овошје, двопек, кафе

Ручек: 200 g варено говедско месо, 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 500 g варен зеленчук, 1 јајце, 1 домат


Штом завршите со циклусот од 5 дена, поворувајте го одново, сè додека не ги добиете саканите резултати.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg