Здраво смути за појадок кое децата го обожаваат

Исхраната на нашите деца мора да изобилува со овошје и зеленчук. Сепак, и самите знаеме дека децата не обожаваат овошјето и зеленчукот да ги јадат сирови, па токму поради тоа смутијата се најдоброто решение кое децата го сакаат. Смути е здрав и освежителен пијалак направен во блендер со моќен мотор од овошје и зеленчук, со додатоци од јаткасти производи, вода, млеко или јогурт.

Она што ги прави смутијата омилени кај децата е кремастата текстура која ја добиваме од состојките кои што ги користиме. Смутијата се здрави и лесно се приготвуваат, а можат да се консумираат во било кој дел од денот.

Тие се совршена храна не само за децата, туку и за возрасните, бидејќи изобилуваат со витамини и хранливи материи, изгледаат колоритно и секогаш имаат убав и богат вкус. Смутијата направени во блендер со моќен мотор се одлични за децата бидејќи овошјето и зеленчукот се совршено измелени и изгледаат многу попривлечно за консумирање.

Доколку нашите деца не сакаат спанаќ, тогаш неговиот вкус можеме да го „маскираме“во смутито со додавање на банана, јаболко или портокал. Истото можеме да го направите и со магдоносот и со било кој друг зелен зеленчук.

Смутијата се одлични за појадок, па токму поради тоа ние решивме да ви откриеме рецепт за здраво смути кое децата буквално го обожаваат.

zdravo-smuti-za-pojadok-koe-decata-go-obozavaat-1.jpg

Смути со спанаќ, јаболко и банана

Потребни состојки:

  • 1 чаша исечкани листови спанаќ
  • 1 банана
  • ½ излупено јаболко
  • 1 мала чашка вишни, може и замрзнати
  • 1 чаша вода, млеко или јогурт

Подготовка:

Исечете ја излупената банана и ставете ги вишните заедно со исечканиот спанаќ и јаболкото во блендер со моќен мотор. Потоа додадете ја чашката вода, млеко или јогурт во зависност што сте одлучиле. Блендајте додека не добиете смути.

Послужете го смутито свежо.

zdravo-smuti-za-pojadok-koe-decata-go-obozavaat-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg