Според докторите: Нова состојка во режимот за здрава исхрана

На сите ни е добро познато дека здравствената индустрија е полна со противречности и изненадувања, така што речиси е невозможно постојано да се следат здравите навики.

doktorite-vovedoa-nova-sostojka-vo-rezimot-za-zdrava-ishrana-2.jpg

Па, така и ставот на доктор Винсент Педре уште еднаш нѐ сврти за 180 степени. Според неговата препорака, стомакот ќе функционира нормално доколку ја внесуваме препорачаната дневна доза на отпорен скроб.

Да, добро прочитавте, скроб, но не станува збор за леб, тестенини, ориз или компир, туку за „отпорен“ скроб. Овој тип на скроб функционира како еден вид на растворливи влакна и неговото конзумирање има огромен број на здравствени придобивки.

„Како доктор кој специјализирал за одржување на здравјето на стомакот, многу ја ценам улогата на пробиотицитеза создавање на среќен стомак“, наведува д-р Винсент. „Сепак, од неодамна јас сум вклучен во едно истражување каде ги испитуваме предностите од внесување на отпорен скров, и можам само да потврдам дека станува збор за пробиотски влакна коишто не се апсорбираат во тенкото црево“, објаснува тој.

Со други зборови отпорниот скроб се противи на варењето и ги храни добрите бактерии во стомакот. Освен тоа што ја оптимизира цревната флора и го намалува воспалението, отпорниот скроб може да ја намали и инсулинската резистенција како и да ги намали холестеролот и триглицеридите.

Најважно од сѐ е тоа што, отпорниот скроб е ефтин и многу лесно може да се вклучи во дневната исхрана.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава