Типови на риба кои не се препорачува да ги јадете
Сите ние добро знаеме дека рибата е вкусна и здрава, но одредени типови на риба можат повеќе да ви наштетат, отколку да бидат корисни.

Типови на риба кои треба да ги јадете поретко:
Увезен сом
Сомовите можат многу брзо да пораснат, а одгледувачите често знаат да ги полнат со хормони кои се штетни за здравјето.

Скуша
Скушата содржи жива која, ако се акумулира во телото и предизвикува разни болести.

Туна
Туната исто така, содржи жива, плус, ако е одгледувана, голема е шансата да е хранета со хормони.

Јагула
Јагулите се масни и содржат жива, па не се добри за консумирање во големи количини.

Панга
Пангата која денес најчесто може да се сретне на нашите трпези, се носи од реката Меконг која е една од најзагадените реки во светот.

Како да одбирате риба?
Свежата рика секогаш има светкави крлушки и чисти очи. Кога ќе ја подигнете во рака не треба опашката веднаш да ѝ паѓа надолу.

Кога купувате жива риба, бидете сигурни дека водата во аквариумот е чиста.

Кога купувате лосос, погрижете се парчето да не комплетно црвено, бидејќи црвеното парче е суво и не е доволно вкусно. Она парче каде има бели линии е посочно и повкусно.

Н. Г. | Црнобело