Како да го контролирате подуениот стомак?

Кога стомакот ќе ви се подуе не секогаш значи дека сте претерале со јадење и сега сите масни наслаги ви се залепиле во тој дел од телото.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-01.jpg

Дуењето на стомакот е нормален процес кој се случува заради тоа што не внимавате што, како и кога јадете.

За среќа, сето тоа лесно се контролира.

Држете се до овој план и ќе забележите дека стомакот полека спласнува без диети и строги режими:

2 до 3 минути масирајте го делот над папокот со 4 прсти, движејќи се кружно, како на сликата. Потоа променете го правецот уште 2-3 минути. Ова ќе ви помогне да се ослободите од насобраните гасови.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-02.jpg


Од насобраната вода ќе се ослободите така што ќе ги правите истите движења, но многу поблиску до папокот. Притиснете ја точката обележана на сликата и со поголем напор правете кружни движења. Секако, не треба да ве боли.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-03.jpg


Масирајте го долниот дел од стомакот на ист начин за да се ослободите од тежината која ја чувствувате.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-04.jpg

Покрај масажата, практикувајте ги и овие совети:

Почнете го денот со вода со лимон – внесувањето на витамин Ц пред појадокот ги регулира процесите во стомакот.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-2-1.jpg

Не пијте пијалаци додека јадете – така само се полните и го отежнувате варењето на храната, што потоа води до дуење.

Не пијте алкохол на празен стомак – исто така го отежнува варењето и ја уништува здравата микрофлора во стомакот.

Пијте чај од ѓумбир – тој ја подобрува циркулацијата и го спречува формирањето на гасови.

kako-da-go-kontrolirate-podueniot-stomak-2-2.jpg

Џвакајте и јадете бавно – ако џвакате брзо, голтате вишок воздух. Ова предизвикува подувување.

Релаксирајте се – секој ден одвојте по 15 минути за медитација на свеж воздух или лесна прошетка.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава