3 делови од вашето тело кои што први ќе се збрчкаат

Како што растеме и созреваме, така одредени делови на нашето тело покажуваат знаци на стареење побрзо од другите.

3-delovi-od-vasheto-telo-koi-shto-prvi-ke-se-zbrchkaat-001.jpg

Секако, сите ја нагласуваат употребата на средства за хидратација и средства за заштита од сонце кои треба да се нанесуваат насекаде низ нашето тело, но факт е дека не посветуваме внимание на сѐ комплет, туку само на неколку конкретни делови. Акцентот, кога станува збор за нега на кожата и одржување на нејзиниот младешки сјај, најмногу се става на лицето.

Како ќе ги доживувате вашите 20-ти, 30-ти, 40-ти, 50-ти години, така ќе почнете да ги забележувате деловите од телото кои први покажуваат знаци на стареење.

Иако ја прифаќаме убавината на стареењето, сепак нѐ боли кога треба да ги покажеме овие три делови од телото, бидејќи на нив најмногу се забележува оштетувањето предизвикано од сонцето кое го зема својот данок:

Рацете

Бидејќи нашите раце се изложени на сонце во текот на целата година (дури и во зимски услови или во постудени клими), тие се едни од првите делови на телото кои се „погодени“ од брчките.

Предлог решение: Не го запоставувајте задниот дел од рацете при сончање. Нанесувајте креми за анти-стареење или хидратантни креми. Кожата на вашите раце е потенка во споредба со кожата на поголемиот дел од телото, така што одржувањето на влажноста е клуч за поседување младешка кожа.

Лицето

Дури и луѓе на возраст од 25 години можат да почувствуваат збрчкани линии низ челото или околу очите. За жал, сонцето може да предизвика дополнителни проблеми, така што како старееме, така овие брчки добиваат на интензитет.

Предлог решение: Нанесувајте крами за сончање и креми за анти-стареење секојдневно. Задолжително е редовно миењето на лицето. Се препорачува користење на осветлувачки серум, ако имате темни дамки.

Пределот кај вратот и градите

Вратот и градите се на само неколку сантиметри од лицето, но сепак доста често грижата за нив се заборава. Оваа тенка кожа е многу чувствителна на УВ зраците и на неа лесно може да развијат пеги и брчки.

Предлог решение: Сочувајте го здравјето со примена на креми, маски, третмани; Речиси сè што нанесувате на вашето лице е безбедно да се користи истовремено и на вратот и градите.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава