Што значи ако имате бел јазик и како да се „ослободите“ од него?
Покрај многуте фактори кои ја покажуваат виталноста на телото и здравјето, еден од нив е и јазикот.

Со редовно отстранување на „отровот“ од јазикот, можете да го „исчистите“ и да му направите детоксикација на телото.
Со чистење на јазикот ја подобрувате чувствителноста на рецепторите за вкус, го освежувате здивот и може да спречите кариес и други орални заболувања.
Што претставува белиот јазик?
Белиот јазик може да биде индикатор на болести, а уште во античко време тој служел за дијагностицирање.
Јазикот покажува што не е во ред со телото пред да почувствувате или да забележите други знаци.
Местото на кое јазикот е побелен покажува на кој орган треба да се фокусирате:
Предниот дел и врвот на јазикот: Заболувања на респираторниот систем. Проблемите со белите дробови создаваат бели делови по краевите на јазикот, а ако е на средина, тогаш се работи за проблеми со срцето.
Средниот дел на јазикот: Ако јазикот е бел на левата страна, се работи за црниот дроб, ако е на десната – панкреас, а за проблеми со стомакот, јазикот ќе побели во средина.
Задниот дел на јазикот: Краевите на задниот дел на јазикот се поврзуваат со бубрезите, а делот во средината со цревата, па ако јазикот е бел во тој дел може да значи дека имате токсини.
Создавањето на бели делови во јазикот исто така е знак и на ослабен имунитет, па не занемарувајте доколку забележите дека јазикот ви е побелен.

Природни лекови за чистење и дезинфекција на јазикот
Како и за многу други работи поврзани со здравјето, така и за здрав јазик може да ви помогнат природните намирници.

Лук - ќе ги „убие“ бактериите и ќе го исчисти јазикот
Не се плашете да јадете цел лук.

Алое вера - анти-воспалителни и лековити својства со кои ги „убива“ бактериите
Земете една лажица сок од алое вера и држете го во уста неколку минути, а потоа исплакнете.

Сол - ги отстранува мртвите клетки од јазикот
Посипете малку сол на јазикот и нежно четкајте една минута, а потоа исплакнете.

Куркума - замена за антисептик
Измешајте куркума со сок од цитрусно овошје и тријте ја пастата на јазикот 2 минути, а потоа исплакнете.

Совети за здрав јазик:

Не пушете цигари

Не пијте алкохол

Пијте повеќе вода

Подобрете ја оралната хигиена

М. М. | Црнобело