Редовните оргазми кај мажите можат да ги намалат шансите за рак на простата за 20%

Научниците заклучиле дека редовната ејакулација во текот на животот го намалува ризикот од рак.

Redovnite-orgazmi-kaj-mazite-moze-da-gi-namalat-sansite-za-rak-na-prostata-01.jpg

Мажите коишто почесто ејакулираат, го намалуваат ризикот за заболување на простатата. Оние кои ејакулираат 21 пат месечно или повеќе, можат да го намалат ризикот за 22%.

Овие споредби се направени со мажи кои ејакулираат само 7 пати месечно. Теоретичарите велат дека оргазмот ги исфрла хемикалиите коишто може да предизвикаат рак, како и старите клетки.

Студија покажа дека мажите коишто имаат редовни оргазми – еднаш дневно – имаат помалку шанси да бидат дијагностицирани со рак на простата.

Истражувачите од Медицинскиот оддел на Харвард велат дека не може точно да објаснат зошто оргазмите можат да го намалат ризикот од рак и дека се потребни уште испитувања.

Но и претходно било сметано дека оргазмите ги исфрлаат од простата токсините кои можат да предизвикаат рак. Уште една теорија е дека доколку спермата редовно се исфрла, тоа придонесува до создавање на нови клетки и спречува натрупување на стари клетки коишто може да се претворат во клетки на тумор.

Простата е мала жлезда којашто се наоѓа помеѓу пенисот и бешиката и служи за излачување на густа бела течност којашто се меша со спермата произведена во тестисите и така создава ејакулат.

Студијата спроведена од Харвард покажува дека мажите на возраст помеѓу 40 и 49 години, кои редовно ејакулирале 21 или повеќе пати месечно, го намалиле ризикот од рак на простата за 22%.

За да се спроведе оваа студија, биле следени резултатите на скоро 32.000 здрави мажи во текот на 18 години, од кои 3.839 мажи биле дијагностицирани со рак на простата.

Мажите биле запрашани за тоа колку често ејакулираат помеѓу 20 и 29 годишна возраст и помеѓу 40 и 49 годишна возраст и во 1991 година, кога е и започната студијата.

Резултатите покажале дека колку почесто мажот ејакулирал во текот на животот, толку помали му се шансите за рак на простата.

Научниците сè уште не знаат точно која е причината за рак на простата, но се знае дека со стареењето се зголемуваат и шансите за појава на истиот кај мажите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава