10 работи кои бремената жена не смее да ги крие од гинекологот

Ако ви е срам, или, пак, незгодно да разговарате со докторот на некои теми – не сте единствени. Има нешта кои трудниците не ги споделуваат дури ни со најблиските. А, дефинитивно треба.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-1.png

Бременоста е важен период, кога неопходно е да бидете максимално искрени кон вашиот доктор, предупредува гинекологот Шери Рос:

„Не постојат глупави прашања или признанија кога станува збор за трудниците, или, пак, било кои други пациентки. Посебно во бременоста, кога се грижите за уште една особа, а одредени постапки може да имаат штетни последици подеднакво на жената и нејзиното бебе.“

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-2.jpg

Па, доколку сте бремена жена, ова се десетте работи кои никако не смее да ги криете од гинекологот:

1. Страв ви е што ќе станете мајка.

Таквото чувство е потполно нормално и очекувано, но важно е да го продискутирате со својот гинеколог. Покрај физичките промени на телото, трудниците и психички се менуваат.

Ако имате искуство со депресија, сеедно дали во сегашноста или минатото, односно сте пиеле антидепресиви пред да забремените, можно е да се соочите со потешкотии во прифаќањето на реалноста.

Запомнете дека грижите не се знак на слабост и дека вашиот доктор е подготвен да ви помогне. Отворено говорете за сопствените чувства, како би можел да ви предложи понатамошни чекори.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-3.jpg

2. Пиете алкохол за време на бременоста.

Иако не е докрај утврдено во колкава мера алхоколот им штети на трудниците, тие сепак би требало да се воздржуваат од консумирање на ваквите пијалаци.

Доколку намерно или ненамерно не сте се придржувале до препораката, задолжително е за ова да поразговарате со гинекологот. Многу жени не знаат дека се бремени пред четвртата или шестата недела, па нормално е во тој период да пиеле алкохол.

Подоцна чувствуваат вина и срам им е да му признаат на својот доктор. Меѓутоа, важно е да имате на ум дека една до две чашки вино или пиво, нема да ви наштетат како константната консумација долж целата бременост.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-4.jpg

3. Пушите и не можете да престанете.

Пушењето цигари, дури и во мали количини, претставува сериозен проблем за време на бременоста. Особено кога трудницата не е искрена кон својот гинеколог по тоа прашање.

Пушењето може да влијае на крвните садови во постелката, што пак резултира со забавен раст на фетусот, лош развој на белите дробови и мозокот, како и зголемен ризик од синдромот на ненадејна смрт на новороденчето. Спаѓа и во ризичните фактори за појава на плацента превиа, односно одвојување на плацентата.

Знаејќи дека сте активен пушач, докторот ќе побара дополнителни прегледи, како би биле сигурни дека вашето бебе правилно расте. Истовремено, заедно ќе ги согледате можните стратегии за ослободување од штетната навика.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-5.jpg

4. Планирате патување во текот на бременоста.

Гинекологот мора да знае и ако планирате да ја напуштите државата, посебно во третото тримесечје од бременоста, кога е можно да дојде до компликации додека сте далеку од вашиот доктор.

Мнозинството гинеколози ќе ви кажат да патувате за време на второто тримесечје, се разбира доколку имате избор, бидејќи во овој период ќе имате најповеќе енергија, а и ризикот од компликации е релативно низок.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-6.jpg

5. Не сте биле на стоматолог со години.

Можеби се чини смешно да го споменете ова во разговорот со гинекологот, ама квалитетната орална хигиена може да има клучна улога за сигурноста на вашето бебе. Хормоналните промени во текот на бременоста, предизвикаат повеќе промени во усната шуплина, а посебно на непцињата.

Доколку не се лекува, можно е болеста на непцата да доведе до предвремено породување. Оттука, од исклучителна важност е гинекологот да знае ако од било која причина не сте посетиле стоматолог веќе подолго време.

10-raboti-koi-bremenata-zhena-ne-smee-da-gi-krie-od-ginekologot-7.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg