Убавините кои ќе ги почувствувате од само еден ден на плажа

Од очигледни причини, плажата е најрелаксирачкото место кое постои. Но, кој би рекол дека може да се вадите на изговорот дека е здраво да се оди на плажа, а не е само заради уживањето?

ubavinite-koi-ke-gi-pocuvstvuvate-od-samo-eden-den-na-plaza-02.jpg

Плажата е ваш најдобар полнач на здравјето и батериите. Зошто?

Солена вода

Солената вода ја лечи нечистата кожа, ја намалува видливоста на акните и лузните.

Исто така, одлична е како замена за шампон. Природно солената вода одлично ја измива косата и ве ослободува од маснотијата на скалпот.

Раните и исекотините лесно заздравуваат по само неколку часа во солена вода.

Ги чисти дишните патишта и ви го чисти телото од сите можни токсини кои сте ги акумулирале во текот на годината.

Пливањето е одлично за одржување на телото во добра форма.

ubavinite-koi-ke-gi-pocuvstvuvate-od-samo-eden-den-na-plaza-01.jpg

Песок

Песокот е природен пилинг. Нема ништо подобро од песок кој со благо триење ги отвора порите и ја чисти кожата од сите нечистотии и мртви клетки.

Одењето по песок согорува 50% повеќе калории и маснотии, отколку одењето по рамен асфалт.

Лежењето на топол песок ги забрзува циркулацијата и метаболизмот.

Сонце

Подолгиот престој на сонце го стимулира создавањето на витамин Д во телото, кој е сојузник во борбата против многу болести како Алцхајмер, остеопороза, срцеви заболувања, депресија...

Топлината од сонцето ве тера на потење, што е добро заради зголемената циркулација и забрзувањето на метаболизмот.

Едноставно е – сонцето ве прави посреќни заради зголеменото ниво на серотонин.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg