20 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Знаат како да се релаксираат

Можеби обожавате Зумба, сакате да гледате филмови, да одите на караоке забави или да „смачкате“ цел еден роман од 350 страници во една вечер. Без оглед на методот, редовното релаксирање е важна навика на луѓето кои не се разболуваат.

Ако сте постојано изнемоштени, имате поголем ризик за срцев удар, дијабетес до синдром на нервозно дебело црево, односно лошо варење на храната.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (20).jpg

Се тушираат со ладна вода

Изложувањето на ладна вода може да ги зголеми природните антиоксиданти на телото. Затоа најчесто туширајте се со млака, па дури и постудена вода. Секако е многу поздраво од туширањето со жешка вода.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (7).jpg

Редовно земаат витамини

Важно е редовно да ги земате вашите витамини за подобар имунитет. Еден додаток кој го заборавате е пивскиот квасец. Тој е богат со витамин Б, протеини и минерали кои се од витално значење за доброто здравје на луѓето кои ретко се разболуваат.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (13).jpg

Ја мијат чинијата на своето милениче

Садот за храна на вашето домашно милениче може да ве разболува како и вашето семејство, доколку не го миете редовно. Една студија покажала дека чиниите за храна за миленичиња се рангираат на четвртото место како можни извори на зараза во домот.

Без оглед дали го храните вашето домашно милениче со сува или влажна храна, садот може да задржи остаток што ги привлекува бактериите како салмонела и ешерихија коли.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (10).jpg

Користат хидроген пероксид

Можете да го пронајдете во секоја аптека за малку пари, а истражувањата покажале дека хидроген пероксидот одлично се бори против штетните бактерии налепени на вашето тело, лошиот здив, забоболката, инфицираните акни и ранички и многу други процеси кои му се закануваат на здравјето.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (12).jpg

Си носат сопствена постелнина

Најчесто луѓето си носат сопствени чаршафи за спиење кога одат само на одмор или викенд, но создадете корисна навика и каде и да патувате – носете си своја постелнина со себе.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (17).jpg

Не одат болни на работа

Повеќе од 60% од испитаниците изјавиле дека ќе продолжат да одат на работа, дури и кога се болни. Тоа едноставно не е здраво. Сигурно умеете да ги препознаете раните симптоми на настинка или пак некоја алергија за да можете да ги преземете правилните мерки за спречување на болеста.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (4).jpg

Редовно се вакцинираат против грип

Најефективниот начин да се избегне грипот и настинките е да се прими вакцина против истите. Во секој случај имате доволно време да се подготвите за претстојната зимска сезона.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (2).jpg

Креваат тегови

Одењето во фитнес центар е одлично за губење на тежината, што во крајна линија може да го подобри вашето здравје. Но, за да не се разболите почнете со кревање тегови, односно тежини.

Тоа може да ја намали веројатноста за појава на срцеви заболувања, па дури и депресија.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (19).jpg

Имаат поквалитетни и чисти правосмукалки

Кога купуваме правосмукалка сметаме дека со помош на истата ќе си отстраниме сите нечистотии и валканици од домот, оставајќи чиста и сјајна куќа зад нас.

Но, истражувањата покажале дека доколку имате посилна и поквалитетна правосмукалка таа поефикасно ќе го исчисти просторот. Воедно, не смеете да заборавате на нејзиното редовно чистење, односно одржување, бидејќи тука се крие тајната за доброто здравје.

20-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat (21).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg