Грешки кои не смее да ги правите кога купувате градник

Дали знаевте дека околу 80% од жените во светот носат погрешен број градник или модел кој не им одговара?

Vnimavajte-Losho-izbraniot-gradnik-mozhe-da-predizvika-mnogu-problemi-01.jpg

Лошо избраниот градник може да предизвика главоболки, болки во грбот, лошо држење и неправилно движење. А сето тоа, само поради погрешен модел или број.

Грешки кои не смее да ги правите кога купувате градник:

Погрешна големина на корпа

Ако носите корпа Д, тоа значи дека секоја града е тешка околу 400-500 грама и во овој случај не можете да се потпрете на меките модели. Но, ако прерамките ви паѓаат од рамениците во текот на денот, тоа значи дека немате соодветна потпора на градите.

Истото важи и за помалите корпи. Секогаш треба да внимавате да изберете модел кој во исто време ќе ги држи градите, а прерамките ќе останат на своето место, без разлика колку долго го носите градникот.

Она што особено треба да внимавате е да не купувате градници кои ви се мали. Ако носите корпа Ц, тогаш можеби и Б ќе ви биде точна, но по некое време ќе чувствувате болка и непријатност.

Жица и корпа, да или не?

Доколку ви треба цврста потпора на градите, потребно е да изберете модел кој има жица во корпата (фишбан) или мека потпунка.

Ако имате поголеми гради, избегнувајте го пуш-ап моделот бидејќи на тој начин им создавате непријатен притисок. Одберете модели што нема да го притискаат мекото ткиво и кој ќе покрие повеќе од половина од градата.

Престари градници

Секој градник има свој рок на траење. Потребно е да имате најмалку три градника во својата фиока, за да можете соодветно да ги перете и сушите, без брзање. Исто така, ако еден градник го носите секојдневно, потребно е да го смените по помалку од една година.

Кога имате повеќе градници истовремено, нивниот рок на траење е нешто подолг од една година. Но, секогаш кога ќе забележите дека се искривила жица или дека е изгубена еластичноста, потребно е да го „пензионирате“ тој градник.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg