Како најбрзо да се ослободите од вишокот килограми без гладување и диети?

Најдете начин да се справите со стесот, внесувајте доволно протеини и обрнете внимание на бројот на калории - навистина можете да се ослободите од вишокот килограми без строги (и нездрави) диети.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-01.jpg

Со текот на годините, метаболизмот се забавува и тоа е неспорен факт, но сепак, постојат начини како да ги согорите калориите – побрзо од вообичаено.

Неколку совети што ќе ви бидат од помош:

Повеќе години, помалку калории

Колку калории ви се потребни на ден, а притоа да не ја нарушите идеалната тежина? Просечено, една активна жена во своите 20-ти може да внесе 2.200 калории дневно без да ја наруши нејзината моментална тежина.

Во 30-тите и 40-тите, калориската вредност опаѓа на 2.000, а во 50-тите години на 1.800 калории на ден во просек.

Кај мажите, бројот на калории е поголем. Односно, до 30-тата година можат да внесуваат од 2.400 до 3.000 калории, до 60-тата година помеѓу 2.200 и 3.000, додека по 60-тата година бројот се намалува на 2.000 до 2.600 калории дневно.

Бројот на потребни калории варира во зависност од висината, физичката активност и здравствената состојба.

Најдобро е да се консултирате со експерт за да утврдите колку точно калории му се потребни на вашиот организам за слабеење или одржување на оптималната тежина.

Неминовно е со текот на годините да ги менувате вашите прехранбени навики, но внесувањето помалку калории не значи да гладувате, туку подобро да ги избирате намирниците.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-02.jpg

Здрава количина протеини

Посилната мускулатура сама по себе троши повеќе калории. Протеините се важни за изградувањето на силна мускулатура, но само ако се внесуваат во здрава количина.

Што воопшто значи здрава количина протеини?

Од 10% до 35% од дневниот внес на калории треба да бидат протеини. Или, за секој килограм од вашата тежина, треба да внесете околу 0,8 грама протеини дневно.

Што значи, ако тежите 75 килограми, препорачливо е да внесете 60 грама протеини дневно.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-03.jpg

Јогурт и повторно јогурт!

Јогуртот е најдобрата ужина ако сакате да ја задржите здравата тежина, затоа што има идеална мерка на јаглехидрати, протеини и масти, а притоа го одржува стабилно нивото на шеќер во крвта.

Јогуртот го забрзува метаболизмот, поттикнува согорување на калориите и ве ослободува од токсините и надуеноста.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-04.jpg

Физичка активност

Кардио тренингот најмногу ќе ви помогне при изградбата на мускули и ќе ве реши од вишокот килограми.

Ако не сте навикнати на физичка активност, почнете со полесно темпо, во траење од 20 минути, па потоа постепено зголемувајте го интензитетот.

За да си го направите вежбањето поинтересно, комбинирајте одење, возење велосипед и вежбање на некоја справа.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-05.jpg

Справување во стресот

Стресот кој е предизвикан од модерниот начин на живот е еден од главните виновници за забавувањето на метаболизмот и здебелувањето, покрај лошата исхрана и недостатокот на физички активности.

Всушност, многу од луѓето кога се под стрес реагираат со прејадување. Доколку ова трае подолго време, неминовно е да се зголеми и телесната тежина.

6-nachini-kako-pobrzo-da-gi-sogorite-kaloriite-bez-gladuvanje-i-napor-06.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg