Топ 3 вежби за стимулирање на работата на црниот дроб
Иако многумина не гледаат на црниот дроб како важен витален орган, сепак тој игра важна улога и не треба да го запоставите.

Како и сите останати органи, така треба да се трудите да го одржите во добра состојба и црниот дроб, со цел да работи правилно.
Покрај правилниот начин на исхрана, добро е да практикувате и неколку вежби кои ја стимулираат работата на црниот дроб.
Погледнете неколку вежби кои може да ги правите дома за подобро функционирање на овој орган:
Вежба 1
- Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото, со дланките свртени надолу
- Подигнете ги нозете и држете ги исправено
- Полека почнете да ги кревате над глава додека стапалата не го допрат подот зад рамениците
- Држете се во оваа положба 1 минута и потоа полека вратете ги нозете во почетна положба

Вежба 2
- Седнете на мека, но рамна подлога со вкрстени нозе како на фотографијата и со исправен грб
- Со десната рака допрете го левото колено
- Левата рака ставете ја на подот зад грбот, додека со горниот дел на телото сте свртени кон десно
- Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа повторете го движењето на спротивната страна со другата рака
- Повторете 5 пати на двете страни

Вежба 3
- Седнете на мека, но рамна и стабилна подлога со вкрстени нозе и со исправен грб
- Кренете ја левата нога, свиткајте ја во коленото и ставете го стапалото покрај десното колено, од надворешна страна (ќе почувствувате благ притисок на црниот дроб)
- Ставете ја десната рака на левото стапало, а левата на подот зад грбот.
- Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа повторете го движењето на спротивната страна со спротивната рака и нога
- Повторете 5 пати на двете страни

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)?
Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)?
Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време)
Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
