Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)?
Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица со замастен црн дроб, прекумерното пиење алкохол и јадењето многу пржена храна можат да го влошат проблемот.

Замастениот црн дроб е еден од најчестите проблеми со овој орган.
Како што кажува самото име, состојбата настанува кога во црниот дроб се складираат вишок масти.
Ова е честа појава кај лицата кои имаат проблем со алкохолизам, но може да се јави и од други фактори, како дебелина или дијабетес тип 2.
Удел можат да имаат и хормоните, генетиката, покачените триглицериди или високиот крвен притисок.
Третирањето на проблемот зависи од она што го причинува, но главно во секоја ситуација, фокус се става и на исхраната.
Ако имате замастен црн дроб, вашиот лекар може да ви препише терапија која треба да ја пиете според препораките. Но, истовремено, треба да внимавате и на исхраната.
Кои намирници се добри за лица со замастен црн дроб?
Кафе
Иако прекумерното пиење кафе може да биде штетно, овој пијалак си има придобивки.
Кафето го намалува ризикот од појава на замастен црн дроб, а истовремено може да ја подобри состојбата кај лица кој веќе го имаат овој проблем.
Секако, важно е да бидете умерени и да не пиете повеќе од 3 шолји кафе дневно. Односно да не внесувате повеќе од 400 милиграми кофеин.
Лиснат зелен зеленчук
Состојките што ги има лиснатиот зелен зеленчук, како спанаќ, можат да бидат корисни кај лица со замастен црн дроб.
На пример, истражување покажало дека спанаќот го намалува ризикот од појавата на болеста.
Но, важно е зеленчукот да биде свеж бидејќи со готвењето веројатно се отстрануваат корисните состојки.

Мешункасти плодови
Низа истражувања имаат покажано дека мешунките како леќа и наут можат да го намалат нивото на шеќер во крвта и нивото на триглицериди кај лица со прекумерна тежина.
Со ова, пак, се намалува ризик од замастен црн дроб.
Риба
Рибата богата со здрави масти, како лосос и туна, може да ги намали мастите во црниот дроб и да го нормализира нивото на триглицериди.
Храна богата со хранливи влакна
Намирниците богати со хранливи влакна докажано го намалуваат ризикот од замастен црн дроб.
Истовремно, можат да ја подобрат состојбата ако веќе се соочувате со оваа состојба, а притоа и да го намалат нивото на триглицериди.

Јаткасти плодови
Јаткастите плодови имаат состојки кои намалуваат воспаленијата во телото и го намалуваат ризикот од замастен црн дроб.
Обемно истражување од Кина, пак, покажало дека лицата со замастен црн дроб кои често јаделе ореви забележале подобрена функција на овој орган.
Куркума
Главната состојка на куркумата – куркумин – може да го намали оштетувањето на црниот дроб предизвикано од неговото замастување.
И дека додатоците во исхраната со куркумин може да го имаат истиот ефект.

Храна со незаситени масти
Храната богата со незаситени масти, како авокадо, маслиново масло и путер од јатки, може да бидат од помош ако имате замастен црн дроб.
Лук
Неколку помали истражувања имаат покажано дека суплементите со лук можат да помогнат во регулирањето на тежината и нивото на масти кај луѓето со замастен црн дроб.
И јадењето свеж лук може да има сличен ефект.

Која храна треба да ја избегнувате?
Ако лекарот ви рече да избегнувате одредена храна, или барем да бидете поумерени со неа, треба да го послушате.
Главно, забранетите намирници за луѓе со замастен црн дроб се храна која поттикнува дебелеење и го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Најдобро бидете умрени со:
Алкохол, кој е една од главните причини за појава на замастен црн дроб.
Храна со додаден шеќер – високото ниво на шеќер во крвта го поттикнува таложењето масти во црниот дроб.
Пржена храна – има многу масти и калории.
Многу сол – прекумерниот внес на сол т.е. натриум го зголемува ризикот од замастен црн дроб.
Бел леб, ориз и тестенини – ова се намирници кои можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта, па подобро е да консумирате интегрални.
Црвено месо – има многу заситени масти, но и сол. Истото важи и за преработени месни производи.

Спирова С. | Црнобело
