6 предизвикувачи на мигрени за кои можеби не сме свесни

За мигрените може да се пишува многу, бидејќи на оние кои страдаат, важен им е секој гест на поддршка и разбирање.

6-predizvikuvachi-na-migreni-za-koi-mozhebi-ne-sme-svesni-01.jpg

Нивниот живот воопшто не е лесен, особено затоа што е многу тешко да се детектираат вистинските причини за мигрената, бидејќи тие се прилично индивидуални. Постојат неколку заеднички тригери, за кои повеќето кои имаат мигрени детектирале дека им пречат.

Најверојатно ќе почекаме додека да го добиеме точниот одговор на прашањата зошто добиваме мигрени и како да ги запреме.

Дотогаш, обрнете внимание на следниве потенцијални предизвикувачи:

Стрес

Стресот многу често е одговорот на сите проблеми кои ги имаме со нашето здравје. Внимавајте колку сте изложени на него во текот на денот, бидејќи можеби токму тој е предизвикувач на вашата мигрена.

Вештачки засладувачи

Многупати се покажало дека луѓето кои во својата исхрана не вклучуваат вештачки засладувачи во помал процент страдаат од мигрени. Секој организам има различна толеранција на ваквите засладувачи, но доколку често имате мигрени, обидете се да ги избегнувате индустриските овошни јогурти, желето, слатката павлака за кафе, житните плочки...

Кофеин

Можеби вашето тело е толерантно на кофеин, но не значи и дека треба неограничено да го внесувате во текот на денот. Ако претерате, а сте склони кон мигрени, веројатно ќе предизвика болка. Од друга страна пак, многумина чувствуваат олеснување на тегобите на мигрена откако ќе испијат кафе.

6-predizvikuvachi-na-migreni-za-koi-mozhebi-ne-sme-svesni-02.jpg

Парфеми и силни мириси

Интензивните мириси, без разлика дали се пријатни или не, често се на листите на предизвикувачи на мигрени.

Временските услови

Со својата мигрена вие се чувствувате како подвижна метеоролошка станица - знаете кога точно ќе се промени времето. Слично ви влијае и патувањето во места со различна клима од домашната.

Хормони и секс

Жените страдаат од мигрени трипати повеќе од мажите, а за тоа се виновни хормоните кои се лачат за време на ПМС и менструален циклус. Затоа и кога имаат секс, може да се случи да се пожалат на мигрена по оргазмот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg