Формула за лесно пресметување: Кој СПФ фактор ми е потребен?

Без разлика дали сме на плажа, во град или на планина, сонцето во лето прави да се чувствуваме одлично. Сепак, неопходна ни е соодветна заштита за комплетно уживање.

formula-za-lesno-presmetuvanje-koj-spf-faktor-mi-e-potreben-001.jpg

Време е да ги разбиеме митовите од типот на „ако немам фактор 50, ќе спојам фактор 20 со фактор 30 и заштитата ќе биде подеднакво добра.“

За да не верувате во вакви заблуди, мора да бидете добро информирани.

Прво, важно е да знаете дека соодветниот СПФ фактор се одредува според типот на кожа, но и според тоа колку долго планирате да бидете изложени на сонце.

Има една формула за пресметување која ретко кој ја знае, а е екстремно корисна.

Пред да почнете со пресметување, важно е да знаете:

  • Ако вашата кожа е светла, а косата руса или светло кафеава, природната заштита на вашата кожа трае околу 10 минути.
  • Ако вашата кожа е со средно темен тен, а косата средно до темно кафеава, природната заштита на вашата кожа трае 15 минути.
  • Ако вашата кожа е темна, косата кафеава или црна, природната заштита на вашата кожа е околу 20 минути.

Според тоа, ако сакате да пресметате колку време може да поминете на сонце без несакани последици, треба да ја направите следнава математика:

Минутите според вашиот тип на кожа и коса (пример, светол тип – 10 минути) х Факторот кој го имате нанесено (СПФ 30) = 300 минути, односно 5 часа безбеден престој на сонце.

Сепак, не треба да заборавите дека препаратите за заштита од сонце се нанесуваат на секои 2 часа за максимална заштита.

formula-za-lesno-presmetuvanje-koj-spf-faktor-mi-e-potreben-01.jpg

Како да одредите кој СПФ фактор да го користите, ако знаете колку долго ќе останете на сонце?

Ако знаете дека во наредните 2 и половина часа ќе бидете изложени на сонце, односно 150 минути на пример, како да одредите колкав фактор да нанесете?

Постапката е обратна на претходната:

150 минути (времето колку престојувате на сонце) поделени со 10 минути (односно минутите според типот на кожа) = СПФ 15.

Колку крема количински треба да се користи?

Тука не треба да се штеди. Користете ги кремите за целото тело. Имајте на ум дека 35ml крема е доволно за да се покрие целото човечко тело на возрасна личност.

Првиот слој нанесете го 30 минути пред изложување на сонце, така што кремата ќе има време да се впие.


*** Изборот на препарати на нашиот пазар е огромен, па се надеваме дека оваа формула ќе ви помогне ова лето да го поминете без изгореници од сонце...

formula-za-lesno-presmetuvanje-koj-spf-faktor-mi-e-potreben-02.jpg

formula-za-lesno-presmetuvanje-koj-spf-faktor-mi-e-potreben-03.jpg

formula-za-lesno-presmetuvanje-koj-spf-faktor-mi-e-potreben-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg