Што е ешерихија коли и како да се заштитите навреме?

Неретко е навистина тешко да ги забележите бактериските инфекции уште на почетокот, а доколку не ги лекувате навреме, можат да настанат сериозни компликации. 

3-nachini-da-se-zashtitite-od-esherihija-koli-01.jpg

Токму таква е ситуацијата со ешерихија коли, бактеријата која е најчестата причина за уринарни инфекции и кај двата пола.

Инфекцијата може да е појави од најраното детство, до доцна старост. Сепак, почесто се јавува кај жените бидејќи нивниот мочен канал е многу пократок. Уште почесто се појавува кај трудниците поради опуштеноста на уринарниот тракт.

Бактеријата ешерихија коли има 150 подвидови, а најчест е оној од групата О. Симптомите на инфекцијата се болка и печење при мокрење, како и чести болки во самиот мочен меур.

Нагонот за мокрење може да биде навистина чест, така што не може да чекате ни момент откако ќе почувствувате потреба за мокрење. Во урината може да се појави и крв, а ако инфекцијата се прошири на бубрезите, тогаш се појавува болка во половината, се зголемува температурата, а се појавуваат и симптоми како малаксаност и повраќање.

Заболувањето е поизразено кај постарите пациенти, а најчеста е кај луѓето со катетер и кај дијабетичарите.

3-nachini-da-se-zashtitite-od-esherihija-koli-02.jpg

Инфекцијата можат да ја добијат и многу мали девојчиња поради лоша хигиена. За да се избегне инфекцијата кај деца, важно е редовно да се менуваат пелените и секогаш да ги бришете гениталиите од напред кон назад.

Кај малите деца инфекцијата предизвикува плачење, а понекогаш и висока температура. Иако е поретка кај машките деца, сепак се појавува и кај нив.

Инфекцијата се дијагностицира со анализа на урината која покажува присуство на бактерии, леукоцити и нитрати. Ако во еден милилитар урина има над 100.000 бактерии, тогаш станува збор за инфекција. Ако бројот е околу 10.000, тогаш станува збор за контаминација.

Акутната инфекција се лекува со еднократна или тридневна доза на антибиотици, во зависност од проценката на лекарот. Кај хроничните инфекции најчесто се препишуваат антибиотици.

Чајот од брусница може да биде ефикасен бидејќи го спречува прилепувањето на бактеријата за слузокожата на мочниот меур. Од помош може да биде и увин чај, но најдобрата терапија е, се разбира, превентивата.

Па, погледнете како можете да се заштитите навреме:

Имунитет

Инфекцијата со ешерихија коли може да се јави и после настинка, бидејки ослабува имунитетот. Истото може да се случи и во летниот период после капење и седење со влажен костим за капење.

Неправилната и нередовна исхрана, физичката неактивност, автоимуните болести и дијабетесот исто можат да бидат причина за појава на инфекцијата.

Понекогаш и средствата за контрацепција претставуваат ризик, а во текот на менопаузата, инфекцијата може да се појави поради недостаток од естроген и сувост на вагината.

3-nachini-da-se-zashtitite-od-esherihija-koli-03.jpg

Хигиена

Добрата хигиена на гениталиите и редовното миење раце е клучно за заштита од инфекција со ешерихија коли. Поради анатомската близина на анусот, бактеријата лесно може да стигне до вагината, а оттаму до мочниот меур.

Сексуалните односи се најчестата причина за настанување на инфекцијата, која се појавува кога хигиената е на лошо ниво. За да го избегнете ова, најдобро е да мокрите пред и после секој сексуален однос.

3-nachini-da-se-zashtitite-od-esherihija-koli-04.jpg

Исхрана

Многу честа причина за инфекција со ешерихија коли е констипација, како и недоволното внесување на течности. Во текот на денот треба да испиете околу 2 литра вода или чај, бидејќи овие пијалаци најдобро го чистат мочниот меур и го спречуваат развојот на бактерии.

Кога станува збор за исхраната, најдобро е да го намалите внесот на слатки, млеко и млечни производи, но и месо. Почесто консумирајте зеленчук бидејќи во кисела средина, бактериите имаат многу помали шанси за размножување.

Можноста за инфекција може да се намали и со регулирање на столицата со лаксативи и слични лекови.

3-nachini-da-se-zashtitite-od-esherihija-koli-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg