Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек
Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смениле душекот.

Душекот е нешто што не го менуваме со години. И, ова е сосема во ред бидејќи во душеците остануваат во добра форма и по долго користење.
Ако спиете добро и душекот што го имате ви годи, тогаш нема потреба да размислувате за нов, дури и ако вашиот е постар.
Но, ако забележувате некои проблеми за кои причината не е очигледна, треба да го земете предвид душекот, дури и ако не сте го купиле така одамна.
Знаци и здравствени проблеми кои покажуваат дека ви треба нов душек:
Се будите вкочанети
Одвреме-навреме е нормално да се разбудите вкочанети – можеби сте спиеле во лоша положба, можеби сте настинати, можеби сте имале напорен тренинг…
Доколку ова почне да се случува секојдневно, тогаш веројатно причинат е вашиот душек.
Ако душекот е истрошен, тогаш не ви ја нуди соодветната поддршка и може да ви создаде болки во вратот, рамената, грбот и колковите.
Во овој случај веројатно можете да забележите и вдлабнатина во душекот на местото каде што спиете.
Штом душекот веќе не се враќа во првобитната положба откако ќе станете, тогаш време е да го замените со нов.

Видливи знаци на истрошеност
Штом душекот почне да изгледа истрошено, тогаш е добро да го замените со нов.
Обрнете внимание на промени како вдлабнатини, искинати места, дамки, дупки и други оштетувања.
Истото важи и ако забележите испакнатини на душекот или, пак, навечер чувствувате како ве боцкаат пружините.
Влошени симптоми на астма или алергии
Ако забележувате симптоми на алергија надвор од сезоната на алергии, причината може да биде вашиот душек.
Грините се микроскопски инсекти кои живеат во душеците и можат да ги активираат симптомите на алергии, но и астма.
Старите душеци обично имаат многу грини, па поради тоа симптомите се поизразени.
НО, покрај грини, во душекот може да има и остатоци од нив, мувла, бактерии други алергени.
Сето ова придонесува до влошување на симптомите на астма и алергии.

Не ни помните кога сте го купиле душекот
Рокот на траење зависи од материјалот од кој е изработен душекот. Таканаречените пенести душеци траат од 10 до 15 години.
Душеците со мемори пена можат да траат до десет години ако ги превртувате редовно.
Најкраток рок на траење имаат душеците со пружини – околу осум години.
Штом ќе помине рокот на траење, препорачливо е да го смените душекот. Заменете го и порано ако чувствувате други симптоми и знаци.

Се будите во текот на ноќта бидејќи ви е топло
Ако одеднаш почните да се потите навечер, а немате здравствен проблем или состојба која би го предизвикала тоа, повторно може да е поради стариот душек.
Со текот на времето, материјалите на душекот омекнуваат, па со ова се намалува протокот на воздух и може да ви биде потопло навечер.
Проблеми со спиењето
Штом имате проблеми со спиење, тоа е веќе јасен знак дека ви треба нов душек.
За да тестирате дали ова е причината, пробајте да спиете на друг кревет и ако тогаш спиете подобро, веројатно треба да го замените душекот.
Спирова С. | Црнобело
