11 заблуди за сончањето на кои треба да заборавите

11-zabludi-za-sonchanjet-na-koi-treba-da-zaboravite-04.jpg

Нема потреба да нанесувате водоотпорна крема повеќе пати

Водоотпорните креми траат во вода околу 40 минути, и тоа ако не сте многу активни. Но штом ќе излезете од вода, можете да ја отстраните кремата со крпата. Без разлика дали вашата крема е водоотпорна или не, нанесувајте ја после секое излегување од водата.

Потемнетата кожа е знак за добро здравје

Тенот што го добивате при сончање е всушност обид на кожата да се заштити од сонцето. Доколку, пак, забележите црвенило, дури и ако не ве боли, тоа е знак дека ДНК-та во кожните клетки почнала да се оштетува.

11-zabludi-za-sonchanjet-na-koi-treba-da-zaboravite-05.jpg

Шминката со фактор е доволна заштита

Во лето навистина популарни се пудрите со заштитен фактор, но важно е да знаете дека тие не штитат доволно. За да добиете барем мала заштита, ќе треба да нанесете многу слоеви од пудрата, нешто што сигурно нема да изгледа добро. Не можете да ги замените кремите со пудра со фактор.

Кремите за после сончање ја поправаат штетата од изгорениците

Кремите за после сончање можеби ќе ги ублажат симптомите, но нема да ги излекуваат вашите изгореници. Доколку сте изгореле, набавете посебна крема за тоа.

11-zabludi-za-sonchanjet-na-koi-treba-da-zaboravite-06.jpg

Кожата е оштетена само ако е поцрвенета

УВА светлината не ја поцрвенува кожата, но сепак ја оштетува и го зголемува ризикот од рак. Па немојте да чекате да поцрвените за да се тргнете од сонцето.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg