Сè за овулацијата – 15 факти што ќе ви помогнат да забремените или да ја избегнете бременоста

Дали овулацијата е единствениот период кога жената може да остане бремена?

Одговорот на ова прашање е не. Иако јајце клетката може да биде оплодена само 12 до 24 часа после испуштањето, спермата може да „преживее“ и до 5 дена во репродуктивниот канал.

Ова значи дека ако имате однос во деновите околу овулацијата, можете да останете бремени.

Што претставува „плодниот прозорец“?

Ова е период од 6 дена околу овулацијата, односно период кога можете да останете бремени.

После односот, спермата може да остане неколку дена во јајцеводите, и да ја оплоди јајце клетката за време на овулација.

Штом јајце клетката ќе стигне до јајцеводите, таму останува 24 часа. Потоа овој „плоден прозорец“ се затвора.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-05.jpg

Можете ли да ја следите овулацијата?

Најточни резултати ќе добиете кај гинеколог. Сепак можете да ја следите овулацијата и во вашиот дом.

Следење на базалната телесна температура

Во овој случај станува збор за мерење на телесната температура при мирување. Треба да ја мерите температурата секое утро во текот на циклусот, за да можете да забележите промени.

За време на овулација, може да настане благ пораст на телесната температура.

Тестови за овулација

Во аптека можете да најдете тест за овулација кој го следи нивото на хормони во вашата урина.

Колку често треба да имате односи ако сакате да останете бремени?

Доволно е да имате секс само еднаш во плодниот период за да останете бремени. Паровите кои активно работат на тоа, можат да ги зголемат шансите за бременост ако имаат секс секој ден во текот на тој период.

Најдобриот период да останете бремени е два дена пред овулацијата или на самиот ден.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-06.jph.jpg

Што ако не сакате да забремените?

Ако не сакате да останете бремени, во текот на плодните денови користете заштита. Можете да употребувате кондоми, а можете да го прашате вашиот гинеколог за други контрацепциски средства.

Што се случува кога јајце клетката ќе се оплоди?

Кога ќе настане оплодување, започнува процесот на делење на јајце клетката на два, на четири, на шест дела, сè додека не стане бластоциста со 100 клетки.

Бластоцистата треба да се вгнезди во матката за да настане бременост.

Што ако јајце клетката не е оплодена?

Во овој случај, хормоните му сигнализираат на телото да ја исфрли јајце клетката, заедно со слузта од матката, со што започнува менструацијата.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-07.jpg

Што ако овулацијата е нередовна?

Ако ја следите вашата овулација, можеби ќе забележите дека не е редовна. Во овој случај најдобро е да се консултирате со гинеколог.

Најчесто причината за ова е стрес или лоша исхрана, но сепак постојат и медицински состојби, како полицистични јајници, кои имаат влијание врз овулацијата.

Зошто е важно да разговарате со лекар?

Доколку сакате да останете бремени, најдобро е да разговарате со вашиот гинеколог.

Тој најдобро ќе ви го објасни процесот на овулација и ќе ви одговори на сите прашања.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg