Сè за овулацијата – 15 факти што ќе ви помогнат да забремените или да ја избегнете бременоста

Ако планирате да станете мајка, морате да знаете што всушност претставува овулацијата. Од друга страна, пак, ако сакате да се заштитите од несакана бременост, исто важно е да знаете нешто повеќе за вашата овулација.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-01.jpg

Во продолжение прочитате ги најважните работи за овулацијата што секоја жена би требало да ги знае:

Што претставува овулацијата?

Овулацијата е дел од менструалниот циклус, односно период кога јајникот испушта зрела јајце клетка, која чека да биде оплодена.

Откако ќе се оплоди, јајце клетката се движи кон матката, каде што се вгнездува и започнува бременоста.

Бременоста кај луѓето, броејќи од првиот ден од последната менструација, трае 10 лунарни месеци (месец со 28 денови). Односно, бременоста трае околу 9 календарски месеци.

Ако испуштената јајце клетка не се оплоди, почнува процес на исфрлање на слузта од матката преку крвавење.

Ова крвавење е всушност вашата менструација.

Кога настанува овулацијата?

Овулацијата најчесто настанува околу 14-тиот ден од 28-дневен циклус. Бидејќи секоја жена има различен циклус, точното време на овулација може да варира.

Воглавно, овулацијата настанува четири дена пред или четири дена после средината на циклусот.

Важно е да знаете дека втората фаза од циклусот (после овулација) е фиксна и трае од 12 до 14 денови. Првата фаза може да варира.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-02.jpg

Колку долго трае овулацијата?

Овулацијата започнува со лачење на хормон што ги стимулира фоликулите. Овој хормон се лачи помеѓу 6-тиот и 14-тиот ден од циклусот и ѝ помага на јајце клетката да созрее.

Штом ќе созрее јајце клетката, јајникот лачи хормон кој го поттикнува нејзиното ослободување.

Овулацијата може да настане во рок од 28 до 36 часа после лачењето на овој хормон.

Кои се симптомите на овулација?

Овулацијата може да предизвика промени во вагиналниот исцедок и создавањето слуз на грлото на матката.

Најчесто ова е провиден и еластичен исцедок, а може да има и бела боја.

После овулацијата, вагиналниот исцедок може да биде погуст и да има изразено бела боја.

Некои од симптомите што се појавуваат за време на овулација се:

- Мало крвавење

- Чувствителни гради

- Зголемен сексуален нагон

- Болка и неудобност во јајниците или едната страна од стомакот.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-03.jpg

Како се вклопува овулацијата во менструалниот циклус

Менструалниот циклус започнува на денот кога започнува крвавењето. Како што веќе напоменавме, овулацијата настанува околу 14-тиот ден од циклусот.

После овулацијата настапува лутеинска фаза, која трае до почетокот на следната менструација.

Можно ли е да настанат повеќе овулации во еден циклус?

Некои жени можат да овулираат повеќе пати во текот на еден циклус.

Едно истражување од 2013-та година покажало дека овулацијата може да се појави 2 или 3 пати во еден менструален циклус.

Исто така, може да се случи да се ослободат повеќе јајце клетки во текот на една овулација. Ако и двете јајце клетки се оплодени, жената може да роди близнаци.

se-za-ovulacijata-15-fakti-shto-kje-vi-pomognat-da-zabremenite-ili-da-ja-izbegnete-bremenosta-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава