Зошто постојано чувствувате замор?

Заморот можат да го предизвикаат луѓето околу вас, досадниот сексуален живот, па дури и премногу спиење. Дали сте постојано исцрпени - дури и кога спиете доволно долго? 

Bavno dvizenje i zamor eve zosto ste postojano umorni 01

Ако вашиот одговор е „да“, причината за заморот може да лежи во следните фактори.

Еве зошто сте постојано уморни:

Не се будите доволно рано

Не го одложувајте алармот секое утро. Иако ова може да звучи неочекувано, спиењето до последната можна секунда може да биде штетно за вас.

Истражувањето од Харвард од 2008 година открило дека луѓето кои стануваат рано се повеќе подготвени за справување со проблемите и решавање на истите, отколку ноќните птици.

Имате лош сексуален живот

Многу луѓе се жалат дека се премногу уморни да водат љубов, но дали знаевте дека сексот може да ви помогне да спиете подобро? Додека водиме љубов оргазмот ослободува пролактин, хормон чие ниво природно се зголемува додека спиеме.

Недостаток на магнезиум

Магнезиумот, меѓу другото, има позитивен ефект врз квалитетот на сонот, брзината на заспивањето и должината на спиењето. Само запомнете дека магнезиумот понекогаш може да има и лаксативно дејство.

Bavno dvizenje i zamor eve zosto ste postojano umorni 02

Не ја сакате работата

Да бидеме искрени, доколку не ја сакате својата работа, ќе ви биде тешко да станувате рано секое утро. Дали ви треба доказ за ова?

Бројни истражувања покажуваат дека луѓето кои не го сакаат она што го работат имаат проблеми со спиењето или не можат да спијат добро, главно заради стресот.

Не добивате доволно сончева светлина

Кога луѓето се изложени на сончева светлина или многу силна вештачка светлина, производството на хормонот мелатонин станува побрзо, затоа можеме побрзо да заспиеме.

Затоа, треба да се стремите кон изложување на сонце околу еден час на ден (но не претерувајте). Сонцето ќе ви овозможи бесплатна доза на витамин Д.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
„Зошто моето дете е постојано болно?“ - Педијатар дава одговори на најчестите родителски маки Колку често обично се разболуваат децата? Од 8 до 12 пати годишно.... Зошто деца...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg