Се бањате со сунѓер, четката за заби ви стои до мијалникот – 10 најголеми хигиенски грешки

Дали знаете дека четката за заби не е пожелно да се чува во близина на мијалникот?

se-banjate-so-sungjer-cetkata-za-zabi-vi-stoi-do-mijalnikot-10-najgolemi-higienski-greski-01.jpg

Ниту пак дека лицето е во ред да го бришете со истиот пешкир секој ден? Купатилата се едни од највалканите простории во домот каде што се кријат безброј бактерии.

Проверете дали и вие правите дел од овие грешки во одржување на личната хигиена.

Ја бричите бикини зоната

Дали знаете дека влакната на бикини зоната содржат феромони кои го привлекуваат спротивниот пол? Тие исто така ве штитат од бактерии.

Што да направите?

Се препорачува да користите кремови за депилација или да практикувате депилирање со восок.

Користите сунѓер за бањање

Овие сунѓери се добри само кога се нови. Тие ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, но ги задржуваат на себе. Кога ќе го оставите во купатило после капење, на него бактериите само полесно се размножуваат. Веќе на следното користење, нечистотиите само ќе ги вратите на вашето тело.

Што да правите?

Менувајте го сунѓерот почесто. Добро исперете го после бањање, оставете го да се исуши и никако не го чувајте во купатилото. Можете и комплетно да го исфрлите од употреба и наместо сунѓер, два пати во неделата да правите пилинг на целото тело.

se-banjate-so-sungjer-cetkata-za-zabi-vi-stoi-do-mijalnikot-10-najgolemi-higienski-greski-2.jpg

Не го миете грбот соодветно

Вашето тело е заштитено од бактерии и акни само ако е комплетно чисто. Најчесто при бањање ги запоставуваме грбот, темето на главата, стапалата и пределот позади ушите.

Што да правите?

Набавете посебна четка за миење на овие делови од телото.

Ја оставате четката за заби кај лавабото, на машината за алишта и сл.

Четката за заби може да ги привлече сите бактерии од купатилото и сето ова да го внесете во уста при следното миење заби.

Што да направите?

Најдете сигурно место каде што ќе ја чувате четката за заби. Користете капаче. Менувајте ја на секој три месеци.

se-banjate-so-sungjer-cetkata-za-zabi-vi-stoi-do-mijalnikot-10-najgolemi-higienski-greski-3.jpg

Го носите мобилниот телефон во купатило со вас

Замислете колку само бактерии од купатилото ќе завршат на вашиот телефон кој потоа ќе го ставите на масата каде што јадете или во креветот каде што спиете.

Што да направите?

Едноставно е, тоалетот не се посетува со телефонот во рака.

Уште 5 хигиенски грешки на следната страна



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg