Се бањате со сунѓер, четката за заби ви стои до мијалникот – 10 најголеми хигиенски грешки

Го бришете лицето со пешкир

Дури и ако имате посебен пешкир за секој во семејството, после секое бришење, откако ќе остане мокар – пешкирот е одлична подлога за милион бактерии.

Што да направите?

Користете пешкир, крпа или хартија за еднократна употреба.

Оставате мокри пешкири закачени во купатилото

Влагата и бактериите го прават купатилото највалкано место во домот. Токму заради ова не смеете да чувате мокри пешкири и бањарки после капење во самиот тоалет.

Што да правите?

Изнесете ги бањарките надвор од купатилото во соба или место каде што ќе се исушат убаво, а потоа ставете ги во корпата за перење. Следно капење земете нов пешкир.

se-banjate-so-sungjer-cetkata-za-zabi-vi-stoi-do-mijalnikot-10-najgolemi-higienski-greski-4.jpg

Седење на тоалетна школка подолго од 15 минути

Читате книга, листате на телефонот, играте игри...Според истражувањата ова е нездрава навика затоа што дополнителниот притисок при седењето може да доведе до појава на хемороиди.

Што да направите?

Одете во тоалет кога навистина имате потреба. Завршете работа без да се задржувате без потреба.

Пуштате вода додека капакот од школката е подигнат

Често пати знае водата да прсне наоколу во тоалетот и да разнесе бактерии на сите предмети во близина.

Што да направите?

Секогаш затворајте го капакот кога пуштате вода.

se-banjate-so-sungjer-cetkata-za-zabi-vi-stoi-do-mijalnikot-10-najgolemi-higienski-greski-5.jpg

Кога ја миете косата ја вртите околу темето

Ако ставате шампон на темето на главата, а потоа цела коса ја кревате нагоре и  ја гужвате, шампонирате, мрсите – веројатно никогаш нема да биде комплетно чиста.

Што да направите?

Масирајте го темето, но не и остатокот од косата. Како што се слива сапуницата надолу, ќе го измие остатокот од косата.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg