Топ 6 хигиенски грешки од кои треба да се збогувате
Не ги миете рацете пред да одите во тоалет. Перницата ја користите долго време и не ја перете.

За да бидете здрави мора да внимавате на хигиената, но сепак и притоа да се држите до одредени правила.
Перете ја перницата на температура од барем 50°C и уште неколку совети за добро здравје треба да почитувате.
Хигиенски грешки од кои треба да се збогувате:
1. Се туширате пречесто – звучи чудно, но со оваа навика кожата ви станува сува и иритирана, па пука и во неа се населуваат микроби.

2. Не ги миете рацете пред да одите во тоалет – бактериите живеат низ целиот дом, па ги пренесувате на интимните делови ако не ги измиете пред одењето во тоалет (се разбира, треба да ги миете и потоа).

3. Го притискате копчето од казанчето со врвот од прстот – тоалетот е преполн со бактерии, дури и само кусо време по чистењето, за да не ви се залепат на врвот од прстот пуштајте вода со зглобот од прстот, во случај да допрете нешто пред да ги измиете рацете по одењето во тоалет.

4. Спиете на истата перница долго време – перницата собира влага, прав и бактерии, па за да немате алергии со респираторниот тракт и иритации, перете ја перницата на температура од барем 50°C.

5. Им дозволувате на милениците да спијат со вас – дури и најчистите животни на крзното носат многу бактерии кои можат да ви предизвикаат инфекции.

6. Го миете лицето со сапун – дерматолозите нагласуваат дека сапунот не е соодветен за лицето и со ова ја нарушувате неговата природна заштитна бариера.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни
Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите
Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба)
„Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“.
...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)?
Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време)
Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
