Дали летово ќе биде безбедно да одиме на базен?

Летото е речиси овде, но светот сè уште се обидува да се справи со пандемијата. Па, оваа летна сезона сите ќе мораме да се адаптираме.

dali-letovo-kje-bide-bezbedno-da-odime-na-bazen-01.jpg

После веста дека пливањето во море е колку-толку безбедно доколку нема гужви, се поставува прашањето дали истото ваши и за базените.

dali-letovo-kje-bide-bezbedno-da-odime-na-bazen-002.jpgфото: depositphotos.com

Според Центарот за контрола и превенција на болести, засега нема докази дека вирусот може да се пренесе преку вода во базен. Наводно, самото одржување на базенот, како дезинфекција со хлор, би требало да го убие вирусот.

За Yahoo Life, доктор Дејвид Катлер вели дека не можеме со сигурност да знаме какви ќе бидат последиците. Слично мислење дели и доктор Ричард Воткинс, кој вели дека вирусот е исто заразен колку што беше и во март, па ако одиме на базен, ќе треба да внимаваме повеќе.

dali-letovo-kje-bide-bezbedno-da-odime-na-bazen-003.jpgфото: depositphotos.com

За вирусот се појавија и гласини дека во текот на потоплите месеци, постои можност да не се шири со толку голем интензитет. СЗО се огласи за ова, тврдејќи дека можете да фатите КОВИД-19, без разлика колку е сончево или топло. Како што велат од организацијата, вирусот се проширува и во држави со потопла клима, но ќе видиме што ќе се случува во летниот период.

Кога станува збор за базените, иако можеби нема да го фатите вирусот во вода, ова се места каде што се собираат многу луѓе. Затоа, од Центарот за контрола и превенција на болести велат дека важно е и посетителите, и вработените во базените да ги следат сите мерки за заштита и безбедност.

Истото го кажа и нашиот Министер за здравство, Венко Филипче, укажувајќи на тоа дека ризикот кај базените е всушност гужвата и не одржувањето социјална дистанца, па токму затоа, кога се очекува во третата фаза да бидат отворени базените кај нас, ќе постојат посебни протоколи за безбедно функционирање.

dali-letovo-kje-bide-bezbedno-da-odime-na-bazen-02.jpg

Ако решите да посетувате базен кога ќе се отворат, ќе мора и таму да ги почитувате сите мерки за безбедност:

- Држете се на поголемо растојание од другите – правилото за дистанцирање важи и овде.

- Ако одите со деца, објаснете им дека не смеат да бидат во близок контакт со други луѓе.

- Избегнувајте да допирате што било, како маси, кваки и слични работи, што другите ги допираат често.

- Посетувајте го базенот кога има најмалку гужва.

- Имајте со вас маска за во случај да не може да се одржи дистанца во некои делови покрај базенот. Иако можеби сметате дека во лето маските се неудобни за носење, тие можат да направат голема разлика.

- Одржувајте лична хигиена, носете дезинфекциски средства и користете свои крпи за бришење.

Важно е да знаете дека сè додека пандемијата трае, постои и ризик од зараза. Кога ќе бидат отворени кај нас базените, ќе бидат објавени и посебни протоколи и правила до кои сите ќе треба да се придржуваат.

Па, ако одлучите да одите на базен, задолжително придржувајте се до сите мерки за вашата, но и за безбедноста на вашите најмили.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg