Златните правила за јадење на Индра Деви, жената која живеела 103 години

Прочитајте ги 27-те правила за златната исхрана на долговечноста на Индра Деви:

1. Никогаш не пијте вода со мраз, особено по оброкот, бидејќи го нарушува природниот процес на циркулација на гастритичниот сок и го спречува варењето.

2. Наутро пијте чаша чиста вода на собна температура и додадете малку лимон. Топла вода или билен чај со лимон и мед одлично освежува во топлите периоди од годината.

3. Пијте 5 до 8 чаши вода на ден. Во текот на денот ќе ослободите околу 2,5 литри течност. Дефицитот на вода во телото е причина за многу проблеми со стомакот, запек, опструкција на цревата и дисфункција на црниот дроб и бубрезите.

4. Не пијте вода додека јадете, туку половина час пред или 2-3 часа после јадењето. Пијте вода во мали голтки, не одеднаш.

5. Кога водата врие, се губат нејзините корисни состојки. Затоа за да „оживее“ водата, претурете ја неколку пати од еден во друг сад. Ова ќе има повеќе освежувачки и стимулативен ефект кој инаку е отсутен од „безживотната“ вода.

6. Да изедете еден плод е похранливо отколку да го испиете како сок.

7. Подготвувајте си свеж сок од морков, ротквици и цвекло и во него додавајте по некој зелен лист од зеленчуци.

8. Не препорачувам пиење алкохол, чај, кафе, какао и топло чоколадо бидејќи кофеинот и теоброминот се високо возбудувачки стимулатори.

9. Млекото е храна, а не течност. Треба да се зема во мали голтки, во спротивно може да предизвика вознемиреност во стомакот.

10. Не заборавајте: телото не го јаде она што го примаме, туку само она што може да го апсорбира.

11. Изберете ја храната што најдобро ви одговара – исто како што избирате облека што најдобро ви одговара. Експериментирајте со различни видови храна и комбинации додека не откриете која храна е најдобра за вашето тело.

12. Избегнувајте „мртва“ храна – конзервирана, преработен ориз, бело брашно, рафиниран шеќер. Не се фаќајте за бонбоните и слатките, а секако ограничете го и оцетот.

13. Џвакајте ја многу добро храната, особено онаа што е богата со скроб. Скробот се претвора во гликоза под дејство на плунката, и ако не е добро натопен со неа тој останува во оваа форма во стомакот и се распаѓа за неколку часа.

14. Стариот или тостиран леб е покорисен. Но, не земајте течности заедно со лебот. Нека забите си ја завршат работата.

15. Не земајте повеќе од една порција на скробна храна во исто време. На пример, ако јадете ориз, откажете се од леб, компири и тестенини во истиот оброк.

16. Ако имате проблем со цревната перисталтика, направете мени без скроб и протеини заедно, особено со продукти што содржат сулфур – како што се грашокот, зелката, јајцата, ротквицата, итн.

17. Не фрлајте ја водата во која варите зеленчук. Пијте ја или искористете ја за да подготвите супа. На пример, компировата вода е многу корисна.

18. Не фрлајте ги зелените делови од морков, цвекло, ротквица и пашканат. Додадете ги во супата додека не зоврие, а потоа отстранете ги.

19. Гответе го зеленчукот во мала количина вода и на тивок оган, па дури подобро е да се готви на пареа.

20. Избегнувајте пржена и мрсна храна, бидејќи бавно се вари. Прво стомакот го напуштаат јаглените хидрати, потоа протеините и на крај маснотиите.

21. Сите животински масти го зголемуваат нивото на холестерол во крвта. Најмногу холестерол содржат мозокот, жолчката и црниот дроб, а најмалку млекото, сирењето и рибата.

22. Секоја храна богата со животински масти е опасна. Високиот процент масти и нискиот процент на протеини во исхраната го попречуваат дејството на ферментите.

23. Запомнете дека важно е не само количеството калории во маснотиите, туку и нивниот состав. На пример, во сланината нема ништо друго освен калории, нема витамини или минерали.

24. Кога еден оброк што има маснотии (вклучувајќи и растителни) се загрева неколку пати, секое наредно затоплување го прави поштетен. Ефектот е сличен и на повторно користење на маснотии во кои сме ја испржиле храната.

25. Најважното правило, сепак, е вашиот став кон храната на масата. Процесот на јадење и заситување треба да биде бавен, пријатен, во пријатна средина и пријателска луѓе.

26. Храната која е проголтана во состојба на стрес, иритација или лошо расположение, предизвикува токсични промени во телото. Значи, кога сте во таква состојба, подобро да не седнувате на маса воопшто. Почекајте вашето расположение да се нормализира.

27. Избегнувајте непријатни разговори додека јадете. Прекрасно сервираната маса го прави процесот уште попријатен, исто како насмевката, забавниот разговор или прекрасните цвеќиња. Благословувјате ја храната и ќе ви донесе радост. Никогаш не соопштувајте непријатни вести пред или за време на оброците. Ова ќе ѝ наштети не само на варењето на храната, туку и на целото тело како целина.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg