Златните правила за јадење на Индра Деви, жената која живеела 103 години

Евгенија Петерсон, позната во целиот свет како Индра Деви, е една од првите жени што практикувала јога и ја популаризирала јогата во светски рамки. 

Zlatnite-pravila-na-Indra-Devi-01.jpg

Евгенија Лабунска-Петерсон е родена во 1899 година во Рига. Таа го променила својот живот неколкупати.

Зборувала 12 јазици и се идентификувала со три земји: Русија каде што е родена, Индија каде што се „преродила“ и пријателската Аргентина каде што ги поминала последните 17 години од животот.

Починала во 2002 година во Буенос Аирес, а живеела 103 години. Кога имала 93 години, Индра Деви дала интервју за нејзината исхрана:

„Веќе неколку години сум вегетаријанец, јадам еднаш дневно, понекогаш два пати. По будењето пијам 200 ml вода со исцеден лимон.

Мојот појадок е чаша млеко од соја или бескофеинско кафе од житни култури. Неколку бадеми и суво грозје. Цитронот или портокалот ги јадам понекогаш со кората.

Пијам многу вода, јадам свежо сезонско овошје и пијам сок од зеленчук. Пред спиење пијам и чаша вода.

Понекогаш вечерам, а ручекот ми се состои од една од следниве видови храна: супа од зеленчук или зелена салата, варен или суров зеленчук, порција кафеав ориз, печени компири со малку растителни масти или сос од соја.

Понекогаш за ручек јадам домат со сирење, јајца или јогурт со мед и пченични зрна“.

Во една од нејзините книги, Индра Деви ги опишува принципите на исхрана што ги набљудувала и им препорачува на своите ученици како да се хранат, а исто така ги коментирала и глобалните прашања за нездраво јадење.

„Често слушаме за наши пријатели и роднини кои се борат со дијабетес, астма, артритис, рак. Овие луѓе мислеле дека се целосно здрави. Ние не размислуваме за сè што ни се случува, но тоа е неизбежен резултат на труењето на телото со сите овие токсини акумулирани како резултат на лошата исхрана и начинот на живот.

Последиците од лошата исхрана не се манифестираат веднаш како болест. Можеби затоа што ние ретко ги поврзуваме „модерните“ болести со храната што ја консумираме.

Колкумина од обичните и образованите луѓе разбираат дека болестите како настинка, астма, артритис, кардиоваскуларните болести, дијабетесот се предизвикани од труење на организмот со овие токсини? Малкумина од нив.

Во мојот дом никогаш нема да видите нешто конзервирано, спакувано, рафинирано или обработено. Јас користам полнозрнесто брашно и кафеав (необработен) ориз; наместо шеќер користам мед; какаото и чоколадата исто така отсуствуваат од моите кујнски полици. И лично сум индиферентна кон десертите.

Обично пијам пијалаци од цикорија со сурово козјо млеко или млеко од соја, чај од различни билки, свеж зеленчук и сокови и многу вода со лимон. Исто така, користам лимон наместо оцет. Ги јадам сите сезонски зеленчуци зачинети со свежи или сушени билки, кромид и лук.

Сум видела неверојатни трансформации и заздравување кај луѓе кои почнале да се занимаваат со јога и го промениле начинот на нивната исхрана. Една од нив сум и јас.

Секој човек може само да има придобивки од разумната и избалансирана исхрана бидејќи неправилната исхрана, полека, но сигурно го уништува здравјето. Значи, ако сакате имате добро здравје и да го зачувате подолго, не ги игнорирајте следниве правила што ги забележав во мојот секојдневен живот“.

На следната страна прочитајте ги 27-те правила за златната исхрана на долговечноста на Индра Деви...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg