7 причини зошто да престанете да спиете со мокра коса + како да ја исушите побрзо

Помал волумен

Бидејќи во текот на ноќта косата ќе ви биде мокра и залепена за главата, следното утро ќе немате никаков волумен.

Истовремено, во текот на спиењето сигурно ќе ја прекршите косата и таа ќе си ја задржи чудната форма и следниот ден.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-06.jpg

Испукани врвови

Знаевте ли дека спиењетосо мокра коса е една од почестите причини за испукани врвови?

Мократа коса е многу покршлива, па додека се превртувате во сонот, постои голема опасност да ги оштетите влакната.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-07.jpg

Иритација на кожата на вратот и лицето

Кога спиете со мокра коса, не страда само кожата на главата.

Кога се превртувате во текот на ноќта, косата се лепи и на вашето лице и вашиот врат. Влагата и температурата на вашето тело создаваат погодна околина за бактерии, па лесно може да дојде до секакви иритации.

7-prichini-zoshto-da-prestanete-da-spiete-so-mokra-kosa-08.jpg

Како побрзо да ја исушите косата?

Сега кога ве убедивме да престанете да спиете мокра коса, сигурно се прашувате како можете да ја исушите најбрзо.

1. Нанесете кондиционер за коса. Овие продукти колку-толку го намалуваат впивањето вода во косата, но и ќе ја направат многу помека.

2. Завиткајте ја косата во крпа. Крпата ќе впие голем дел од водата што останала на косата, само внимавајте да не ја стегате премногу.

3. Истресете ја косата. Откако ќе ја извадите крпата, „истресете“ ја косата со вашите раце.

4. Фокусирајте се на корените. Можеби сте забележале дека најбрзо се сушат врвовите на косата, па обрнете им внимание на корените. Неколкупати поминете со прстите низ корените на косата за да го олесните сушењето.

5. Исчешлајте ја косата. Иако не е препорачливо да ја чешлате косата дури е влажна, ако сте во брзање, нема да направите голема штета. Воздухот полесно ќе минува низ исчешлана коса, а со тоа и сушењето ќе трае пократко.

6. Не заборавајте да нанесете средство за заштита од топлина пред да ја исушите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg