Нане за главоболки, магдонос за висок крвен притисок – растенија и зачини одлични за вашето здравје


Нане за главоболки, магдонос за висок крвен притисок – растенија и зачини одлични за вашето здравје

Употребата на зачини и растенија за справување со одредени болести станува сè почеста.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Нормално, овие народни лекови не можат да заменат терапија препишана од лекар, особено ако станува збор за нешто посериозно, но можат да ви помогнат да го зајакнете вашиот имунитет или да се справите со лесни симптоми, како оние од настинка.

Погледнете ги 10-те зачини и растенија кои се одлични за вашето здравје:

Лук

Лукот е одличен во борбата против грип и настинка. Може да го намали крвниот притисок, но и ризикот од срцеви заболувања. Лукот содржи и антиоксиданти, за кои се верува дека можат да бидат како превенција од Алцхајмер и деменција.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-02.jpg

Рузмарин

Мирисот на рузмаринот може да ги подобри концентрацијата, перформансот и расположението. Некои истражувања покажале дека може да го забави и стареењето на мозокот.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-03.jpg

Чили пиперчиња

Состојката што им ја дава лутината на овие пиперчиња може да го забави стареењето.

Овие пиперки можат да ја намалат болката, но и да ви помогнат ако се обидувате да ослабите.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-04.jpg

Ѓумбир

Ѓумбирот ја подобрува дигестијата и ги намалува гасовите. Истовремено, може да ја ублажи настинката и да ги намали болката и воспаленијата.

Ѓумбирот е одличен и за бремените жени кои имаат утринска мачнина, но и за повеќето проблеми со стомакот.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-05.jpg

Магдонос

Магдоносот може да ви помогне да се справите со високиот крвен притисок. Тој содржи и витамин К, поради кој ги зајакнува коските.

rastenija-i-zachini-odlichni-za-vasheto-zdravje-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ќе му се случи на вашето тело ако живеете една седмица без стрес? Само една седмица релаксираност и смирен ум ќе направи чуда за вас. Без раз...
Што ќе ни се случи ако никогаш во животот не видиме сонце? Научно е докажано дека сонцето има големо влијание врз расположението на луѓето,...
Ако ја носите погрешно, само ќе си наштетите – Како правилно се носи маска? Носењето маски во земјава стана задолжително, а очигледно ќе треба да се научиме...

Најчитани неделава