„2.5 кг масно ткиво наспроти 2.5 кг мускули“ - доказ дека не е сѐ до килограмите
„Приметете колку повеќе простор зафаќа масното ткиво од мускулите. Затоа, и само неколку килограми во масно ткиво прават голема разлика во ОБЕМ на телото, особено ако се сконцентрирани на едно место, на пример, околу СТОМАКОТ“, вели доктор Митов.

Доктор Александар Митов е специјалист за лајфстајл медицина кој постојано нѐ информира за разни работи на социјалните мрежи и нѐ учи на здрави навики.
Овојпат тој сподели фотографија од интернет на која е направена споредба на 2.5 кг масно ткиво наспроти 2.5 кг мускули.
„2.5 кг масно ткиво наспроти 2.5 кг мускули.
Приметете колку повеќе простор зафаќа масното ткиво.
Затоа, и само неколку килограми во масно ткиво прават голема разлика во ОБЕМ на телото, особено ако се сконцентрирани на едно место, на пример, околу СТОМАКОТ.
И затоа кај некои луѓе 3 кг прават видлива разлика.
НО, затоа и мало покачување на мускулната маса, ќе ја излаже вагата и нема да дозволи да видите пад во тежината.
Оваа слика објаснува многу работи“, напиша доктор Митов.
Погледнете и Видео интервју со д-р Александар Митов: „Лимонот на гладно не е штетен, на моите деца не им давам чипс“
С. С. | Црнобело
