6 неочекувани промени што се случуваат во женскиот организам за време на месечен циклус

Знаевте ли дека менструалните болки можат да предизвикаат промени во мозокот?

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-01.jpg

Женскиот репродуктивен систем е навистина неверојатен и научниците до денес откриваат нови работи за него.

Додека некои работи им се познати на сите жени – како кои симптоми да ги очекуваат – постојат и посуптилни промени кои настануваат во организмот (не кај секој), а за кои сигурно не сте свесни.

Шест вакви промени во продолжение:

Настануваат промени во хипокампусот

Некои истражувања покажале дека за време на менструацијата се појавуваат промени во делот од мозокот познат како хипокампус.

А, токму овие промени можат да бидат причина за појава на анксиозност и депресија кај некои жени пред и за време на менструација.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-02.jpg

Се менува нивото на хормони во организмот

Во текот на целиот циклус, нивното на хормоните во женското тело постојано се менува. А, и ова има влијание врз расположението.

Штом ќе почне менструацијата, нивото на естроген и прогестерон се намалува бидејќи не настанала бременост. Овој период се појавуваат симптоми ако раздразливост, подуеност, замор и болки во стомакот и долниот дел од грбот.

До почетокот на овулацијата – околу 16 дена од првиот ден на менструацијата – во телото се лачат хормони кои ги стимулираат јајниците да ослободат јајцеклетка.

За време на овулацијата се зголемува нивото на естроген и се ослободува јајцеклетката. Ова е всушност плодниот период од циклусот.

Кога ќе помине овулацијата, почнуваат да се ослободуваат други хормони – во главно прогестерон и естроген – кои ја подготвуваат матката за потенцијална бременост.

Во оваа фаза почнуваат да се јавуваат симптомите на ПМС, како подуеност, болки во градите, промени во либидото, проблеми со спиењето и желба за одредена храна.

Доколку не настане бременост, целиот циклус се повторува, односно почнува менструацијата.

Кога ќе ги земете предвид сите овие хормонални промени, не треба да ве загрижува ако некои денови од месецот имате променливо расположение.

Но, ако ПМС симптомите се многу изразени, како депресија која ви го попречува секојдневието, не двоумете се дали да се консултирате со експерт.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-03.jpg

Менструалните болки може да предизвикаат промени во мозокот

Истражување во кое учествувале 64 жени покажало дека менструалните болки најверојатно предизвикуваат промени во мозокот.

32 од испитаничките имале историја со менструални болки, а 32 имале генерално безболни менструации. За време на истражувањето експертите им го скенирале мозокот и забележале намалување на делови од сивата маса на мозокот кај жените со менструални болки.

Овие делови се одговорни за чувствителност на болка и регулирање на одредени хормони, но истражувачите истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се воочат последиците од овие промени.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-04.jpg

Можно е да се појави болка низ целото тело за време на менструација

Додека повеќето жени чувствуваат болки само во областа на стомакот, кај некои се јавуваат и болки во нозете, па и главоболки за време на менструација.

Ако сте во ваква ситуација, нема да погрешите да се консултирате со гинеколог кој ќе ви помогне да ги ублажите симптомите.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-05.jpg

Можно е да се појават промени во гласот

Истражување покажало дека поради промената на нивното на разни хормони во организмот за време на циклус, жените можат да забележат и промена во нивниот глас.

Нo, експертите забележале дека овие промени не се јавуваат кај жени кои пијат апчиња за контрацепција.

Сепак, овие промени се суптилни и веројатно не би ги забележале самите.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-06.jpg

Студеното време може да предизвика поинтензивни симптоми

Според истражување од 2011 година, во лето менструацијата може да трае пократко. Со ова, и симптомите кои се јавуваат пред и за време на менструација можат да бидат поблаги.

6-neochekuvani-promeni-vo-zhenskiot-organizam-shto-se-sluchuvaat-za-vreme-na-mesechen-ciklus-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg