Кои се најчестите симптоми за хипотироидизам – намалена активност на тироидната жлезда?

Болки во мускулите

И болките во мускулите можат да бидат симптом за разни проблеми.

Но, ако сметате дека нема причина да ве болат мускулите, но сепак чувствувате болка, препорачливо е да одите на лекар.

Во некои случаи може да се јави и здрвеност, како и болки и отекување на зглобовите на дланките и стапалата.

koi-se-najchestite-simptomi-za-hipotiroidizam-namalena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-04.jpg

Депресија

Депресијата е помалку очигледен симптом за намалена активност на тироидната жлезда.

Ако забележите драстични промени во вашето расположение и поголемиот дел од денот се чувствувате депресивно, а притоа нема причина за тоа, препорачливо е да се консултирате со лекар.

На експертите уште не им е целосно јасно каква е поврзаноста помеѓу променливото расположение и хипотироидизмот.

Некои анализи и истражувања покажале дека депресијата поради хипотироидизам најверојатно е поизразена кај жените, но и кај помладите пациенти.

Обилни или нередовни менструации

Генерално, промените во менсутралниот циклус се безопасни и се предизвикани од фактори како стрес, исхрана или промена на тежината.

Но, многу обилните менструации, како и нередовните менструации, покрај последица од други причинители, можат да бидат и знак за хипотироидизам.

Тироидните хормони имаат влијание и врз репродуктивниот систем, па намалената функција на жлездата создава промени во менструалниот циклус.

koi-se-najchestite-simptomi-za-hipotiroidizam-namalena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-06.jpg

Кој е изложен на поголем ризик од хипотироидизам и може ли да се спречи?

За жал, нема начин да се спречи појавата на хипотироидизам.

Во повеќето случаи, состојбата се јавува бидејќи имунолошкиот систем ја напаѓа жлезда и ја оштетува. Некогаш состојбата може да се појави и по третман за рак на тироидната жлезда или третман за зголемена активност на жлездата.

Хипотироидизмот може да се појави и кај мажите и кај жените, но статистички е почеста појава кај жените.

Зголемен ризик има и кај лица над 60 години, како и лица со семејна историја на хипотироидизам.

Лица со автоимуни болести, како дијабетес тип 1, исто така имаат зголемен ризик.

Дури ризични фактори вклучуваат радијација на вратот или градите, операција на тироидната жлезда, бременост или породување во изминатите шест месеци.

Како се лекува хипотироидизмот?

Според NHS, лекувањето вклучува пиење хормони со цел да се зголеми нивното ниво во организмот.

Пациентите ќе треба редовно да прават крвна слика со цел да се утврди дали нивото на хормоните е нормализирано.

Обично ова е терапија што ќе треба да се прима цел живот, но е доволно ефикасна за да овозможи нормален и здрав живот.

Доколку не се третира, намалената активност на тироидната жлезда може да предизвика компликации како болести на срцето.

koi-se-najchestite-simptomi-za-hipotiroidizam-namalena-aktivnost-na-tiroidnata-zhlezda-08.jpg

Спирова С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg