Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Имав спуштена матка по породување, не побарав помош од срам“ - Зошто е важно да знаете за оваа состојба?

Гениталниот пролапс вклучува изместување, односно спуштање на карличните органи кон вагината. Во овие органи спаѓа и матката, па затоа состојбата често е нарекувана „спуштање на матка“.

Веќе спомнавме дека пролапсот не го загрозува животот, но предизвикува болни и непријатни симптоми за жената.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-04.jpgКарлични органи кај жена

Зошто се јавува гениталниот пролапс и кои се симптомите?

Пролапсот настанува кога групата мускули кои ги „држат“ карличните органи ослабуваат.

Постојат неколку фактори кои влијаат врз ова:

  • Бременост или породување – особено кога станува збор за тешко породување или раѓање повеќе од едно дете.
  • Возраст и менопауза – со годините се намалува нивото на естроген во организмот, а ова има влијание врз ткивата, вклучувајќи ги и оние во карлицата
  • Многу прекумерна тежина
  • Констипација што трае многу долго или здравствен проблем поради кој се кашла често
  • Постојано кревање многу тешки предмети

Симптоми на генитален пролапс:

  • Чувство на притисок околу гениталиите и долниот дел од стомакот
  • Непријатно чувство во внатрешноста на вагината
  • Чувство како нешто да „паѓа“ низ вагината
  • Непријатност и болка за време на секс
  • Мала испакнатина во областа на вагината
  • Проблеми со уринирање, како нецелосно празнење на мочниот меур, зачестена потреба за уринирање или испуштање мало количество урина при кивање, кашлање и вежбање

Во некои ситуации, пролапсот може и да не предизвика симптоми.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-05.jpg

Кога да одите на гинеколог?

Ако забележите и само еден симптом или каква било неудобност во областа на гениталиите, препорачливо е да одите на гинеколог.

Гинекологот ќе ви постави прашања во врска со симптомите што ги чувствувате и ќе ви направи преглед.

Можно е да бидат направени други тестови, како за урина, во случај да имате и некоја инфекција.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-07.jpg

Како се третира гениталниот пролапс?

Доколу симптомите се благи и не предизвикуваат проблеми, најверојатно нема да ви треба никаков третман.

Сепак, веројатно ќе добиете препораки за промени во секојдневието, вклучувајќи:

  • Слабеење ако имате многу прекумерна тежина
  • Да избегнувате да кревате тешки работи
  • Превенција и третирање на констипација

Доколку симптомите се посилни, постојат неколку опции, вклучувајќи:

  • Карлични вежби
  • Хормонална терапија
  • Операција

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-06.jpg

Ако сте повозрасни, важно е да знаете дека гениталниот пролапс не е нормален дел од стареењето и менопаузата и треба да побарате помош.

Без разлика на вашата возраст, ако чувствувате каков било симптом, немојте да се срамите да разговарате со вашиот гинеколог.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Беснило и уште 4 болести кои можат да предизвикаат многу болна смрт Смртноста од беснило е особена висока – речиси 100% штом ќе се појават симптомит...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg