Работи што ги имате дома кои е препорачливо да ги менувате со нови еднаш годишно

Пластични садови за храна, завеса во бања и четка за коса – некои предмети во домот е најдобро да ги замените по околу една година, особено ако ги користите секојдневно.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno01.jpg

За некои предмети мислиме дека траат вечно бидејќи се направени од издржливи материјали, како пластика.

Сепак, на дел од овие предмети со текот на времето почнуваат да се акумулираат бактерии, особено ако ги користиме многу често или не водиме добра грижа за нив.

Следниве предмети е најдобро да ги менувате со нови еднаш годишно:

Пластични садови за храна

Некои видови пластика, со текот на времето можат да почнат да ослободуваат штетни материи.

Поради ова, не е препорачливо да користите ист пластичен сад за храна подолго од една година.

Генерално, многу подобро е да купувате стаклени садови кои практично немаат рок на траење.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-02.jpg

Пластични даски за сечење

Во гребаниците на пластичните даски се акумулираат бактерии кои некогаш е тешко да се отстранат.

Па, препорачливо е да ги замените по една година или почнете да користите дрвени кои траат многу подолго.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-03.jpg

Ракавици за тави

Со текот на времето, поради изложеноста на топлина, материјалот на овие ракавици и крпи се оштетува.

Па, ако ги користите скоро секојдневно, по околу една година не нудат добра заштита и најдобро е да ги замените со нови (за да не се изгорите).

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-04.jpg

Четка за коса

Дури и со често чистење, на четката за коса се акумулираат нечистотии и бактерии.

На пластичните четки се прават и мали пукнатини, а одовде е речиси невозможно да ги извадите бактериите.

Менувајте ги на околу една година, па и порано ако четката изгледа навистина валкано и оштетено.

predmeti-vo-domot-koi-e-preporachlivo-da-gi-menuvate-ednash-godishno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава