8 популарни интернет трикови за одржување на домот – Што функционира, а што не?

Можете да ги исчистите влакната од миленикот од мебелот со влажни дланки. Кои други популарни интернет трикови се ефикасни? Самолеплива лента на метлата, заштитна обвивка за далечински управувач, импровизирана вадалка за вашите растенија...

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-01.jpg

На социјалните мрежи, особено на ТикТок и Инстаграм, има безброј видеа со трикови кои наводно го олеснуваат секојдневието или можат да ви се најдат кога немате нешто што ви треба при рака.

Но, додека некои се ефикасни, повеќето се бесмислени.

Неколку популарни интернет трикови – што функционира, а што не?

Самолеплива лента за метење

За овој трик, треба да ставите самолеплива лента на метлата. Важно е лентата да биде леплива од двете страни.

Целта е на лентата да се залепат нечистотиите што ќе ги соберете со метлата.

И, трикот функционира, но само ако станува збор за не многу валкан под.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-02.jpg

Чистење влакна од миленици со влажни дланки

Уште еден трик што функционира.

За да ги отстраните влакната од милениците од креветите и перниците, само навлажнете ја дланката и соберете ги.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-03.jpg

Импровизирана вадалка

Можете да си направите вадалка од обично пластично шише.

Загрејте го врвот на иглата со запалка, па направете дупчиња на капачето.

Потоа само наполнете го шишето со вода, затворете го и полејте ги растенијата.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-04.jpg

Заштитна обвивка за далечински управувач

Целта на овој трик е да го заштитите далечинскиот управувач со најлонска фолија или кеса, но и да го олесните чистењето.

Прво треба да го завиткате управувачот, па со топлината од фенот да го „вакумирате“.

Овој трик не е најдобар бидејќи не само што не изгледа добро, туку и не е многу практичен.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава