8 популарни интернет трикови за одржување на домот – Што функционира, а што не?

Држач за смартфон од капаче за шише

За овој трик ви требаат две капачиња и лепило.

Едното капаче треба да го исечете како на фотографијата подолу, а потоа да го залепите за другото.

И овој трик не е ефикасен бидејќи капачињата не можат да ја издржат тежината на смартфонот и тој ќе ви падне.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-06.jpg

Трик за чистење рамки од прозорци

Рамките на прозорците се проблематични за чистење поради испакнатините.

Но, овој трк ќе ви помогне да ги исчистите полесно.

Најпрво на сунѓер обележете каде се испакнатините – како на фотката подолу.

Потоа направете засеци на сунѓерот на обележаните места, па исчистете ги рамките.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-07.jpg

Пластично шише за затворање кеса

Ако имате храна во кеса, а при рака немате кутија, може да ви послужи овој трик.

Исечете го горниот дел од пластично шише, па низ отворот протнете дел од кесата, како на фотките подолу.

На крај, само затворете го капачето.

Ова можеби не е најдоброто решение за складирање храна, но некогаш можеби ќе ви се најде.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-08.jpg

Трик за заштита на полначот

Поради честото виткање, каблите од полначите лесно се кинат.

Но, можете да ги заштитите ако ставите мала пружина од пенкало како на фотките подолу.

popularni-internet-trikovi-za-vo-domot-shto-funkcionira-a-shto-ne-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава