Апарати за домаќинство кои не треба да се вклучуваат на продолжен кабел

Доколку ги приклучите на продолжен кабел и ги вклучите во исто време, овие апарати за домаќинство може да се расипат или, уште полошо, да настане пожар.

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-01.jpg

Постојат апарати за домаќинство кои никогаш не треба да се приклучуваат на истиот продолжен кабел, бидејќи не само што ризикувате да се расипат, туку и го ставате во ризик вашиот живот.

Скоро во секое домаќинство се користат продолжени кабли, но малкумина знаат дека иако овие кабли имаат поголем број на приклучоци, не е препорачливо да се користат сите одеднаш. 

Уредите кои користат многу електрична енергија, најдобро е да бидат вклучени во посебен штекер. 

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-06.jpg

Овие апарати за домаќинство никогаш не треба да се поврзуваат на ист продолжен кабел со други апарати бидејќи се зголемува ризикот од електричен удар:

Фрижидер и замрзнувач

Во прирачниците за употреба јасно е потенцирано дека фрижидерот и замрзнувачот мора да бидат вклучени во одделни штекери.

Ако уредите се поврзани со продолжен кабел, можни се скокови на напон, животниот век на уредот ќе се намали, а можно е да дојде и до дефекти.

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-08.jpg

Микробранова печка

Микробрановата печка е исто така меѓу оние апарати кои трошат многу електрична енергија. 

Ако не е можно да се вклучи во посебен штекер, тогаш не поврзувајте ја со неколку уреди истовремено на ист продолжен кабел.

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-09.jpg

Тостер

Во внатрешноста на овој уред има многу жици кои се загреваат за да го потпечат лебот. 

Но, факт е дека за време на работата на тостерот, продолжениот кабел може да се прегрее и да дојде до пожар.

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-10.jpg

Клима уреди и уреди за затоплување на домот

Греалките се најчеста причина за пожар во домовите.

Клима уредите ретко се запалуваат, но и двата уреди трошат многу електрична енергија. 

Никогаш не треба да ги приклучувате на продолжен кабел, бидејќи не се дизајнирани да поднесуваат голем проток на електрична енергија потребен за греачите на просторот и може да се прегреат и да се запалат.

aparati-za-dpmakjinstvo-koi-ne-treba-da-se-vkluchuvaat-na-prodolzen-kabel-11.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg