Како да го подобрите квалитетот на воздухот во домот (кога надвор е загадено)?

Одржувајте ги подовите чисти, особено ако имате теписи, затоа што многу работи може да се насоберат на нив. Користете добра правосмукалка и редовно бришете ги подовите со специјално наменети средства. Неколку трикови кои ќе ви помогнат да го подобрите квалитетот на воздухот во домот.

kako-so-nekoi-mal-trikovi-da-go-podobrite-kvalitetot-na-vozduh-vo-vashiot-dom-01.jpg

Домот е место каде што треба да се чувствуваме сигурно, опуштено и одморено. Но, покрај вообичаената хигиена, важно е да обрнеме внимание и на квалитетот на воздухот, особено во периоди кога надвор е многу загадено.

Постојат некои секојдневни работи за кои дури и не знаеме дека толку многу влијаат на она што го вдишуваме.

Ако сте расположени природно да го подобрите квалитетот на воздухот во вашиот дом, тогаш следете ги следниве совети:

Отстранете ги чевлите

Кој знае што сè има на дното на вашите чевли, па затоа, имајте навика сите во домот да ги оставате чевлите во шкаф и да ја отстраните нечистотијата од нив уште пред да влезете дома.

Одржувајте ги подовите чисти

Особено ако имате теписи, многу работи може да се насоберат на подот во вашиот дом. Користете добра правосмукалка и редовно бришете ги подовите со специјално наменети средства.

kako-so-nekoi-mal-trikovi-da-go-podobrite-kvalitetot-na-vozduh-vo-vashiot-dom-02.jpg

Внимавајте на нивото на влажност

Одржувајте ја влажноста во домот на солидно ниво, од околу 30% до 50%. Доколку е потребно користете и навлажнувач на воздух.

Забранете пушење во домот

Не пушете и не им дозволувајте на гостите да пушат во просториите каде што престојувате. Наместо домот – користете ја терасата.

kako-so-nekoi-mal-trikovi-da-go-podobrite-kvalitetot-na-vozduh-vo-vashiot-dom-03.jpg

Не користете премногу мирисливи средства

Мирисите кои се наоѓаат во многу производи за чистење можат да влијаат на оние со астма или алергии. Побарајте производи за чистење без мирис, вклучувајќи и средства за чистење бања или кујна.

Обидете се да користите и поприродни средства за чистење, како лимон и сода бикарбона, кои исто така може да ви помогнат вашиот дом да блеска.

Додајте растенија

Растенијата не само што даваат свежина и посебна убавина во домот, туку тие делуваат и како природни прочистувачи на воздухот.

Изберете такви кои одговараат според тоа колкава сончева светлина имате во текот на денот и според температурата во вашата просторија.

kako-so-nekoi-mal-trikovi-da-go-podobrite-kvalitetot-na-vozduh-vo-vashiot-dom-04.jpg

Користете свеќи од пчелен восок

Свеќите го разубавуваат просторот, но многу од нив содржат парафин кој може да влијае на квалитетот на воздухот во вашиот дом.

Наместо тоа, обидете се со свеќи од пчелен восок кои се одлични и за оние со алергии и астма.

Справете се со мувлата

Мувлата може да го намали квалитетот на воздухот, а особено е проблематична за оние кои имаат проблеми со дишењето.

Затоа, редовно проверувајте го вашиот дом и ако забележите мувла, обидете се да ја отстраните што е можно побрзо.

kako-so-nekoi-mal-trikovi-da-go-podobrite-kvalitetot-na-vozduh-vo-vashiot-dom-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
10 практични работи за во кујна до 300 денари што ги порачав од AliExpress Дури и да не сакате да готвите, сите поминуваме време во кујната, но некои алатк...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg