Предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме

Колку често ги перете перниците? А, дали ја чистите машината за садови?

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-07_copy.jpg

Веруваме дека добро се грижите за хигиената во домот, но сигурно има некои ситници кои заборавате да ги исчистите и, како повеќето, ги занемарувате.

Предмети во домот кои скоро сите забораваме да ги исчистиме:

Перници

Постелнината треба да се менува еднаш неделно, но колку често ги перете перниците?

Иако се заштитени со навлака, на перниците сепак, со текот на времето, се акумулираат бактерии и нечистотии.

Затоа, препорачливо е да ги перете двапати годишно. Ако живеете на потопло место или ако често се потите навечер, добро би било да ги перете и на секои три месеци.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-02.jpg

Подот под мебелот

Ако имате висок мебел, веројатно редовно чистите под него.

Но, ако мебелот речиси допира до подот, поверојатно е дека заборавате да го исчистите овој дел.

Не заборавајте дека и под мебелот се собира многу прашина, па не треба да го занемарувате овој простор.

Ако имате низок мебел, препорачливо е еднаш месечно да го потргнете и темелно да исчистите под него.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-03.jpg

Просторот помеѓу шпоретот и кујнските елементи

Ако имате малку простор помеѓу шпоретот и кујнската маса, верувајте дека овде се собираат навистина многу бактерии, најмногу бидејќи ова е простор каде што готвиме.

За да го исчистите овој мал простор, можете да завиткате нож со крпа на која ќе нанесете средство за чистење.

Ако има многу масти, можете да искористите и бел оцет.

А, за да го избегнете чистењето, препорачливо е да викнете мајстор кој ќе го исполни просторот помеѓу шпоретот и кујнските елементи.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-04.jpg

Организер за прибор за јадење

Иако во организерот ставаме чист прибор за јадење, со текот на времето се валка и тој.

Препорачливо е еднаш месечно темелно да го исчистите.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-05.jpg

Горниот дел од внатрешноста на микробрановата печка

Бидејќи обично не го ни гледаме, нормално е да заборавиме да го исчистиме горниот дел од микробрановата печка.

Но, храната која прска остава дамки и на овој дел.

Па, следниот пат кога ќе ја чистите, не го заборавајте и овој дел.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-06.jpg

Далечински управувачи

На далечинските управувачи се собираат многу бактерии бидејќи ги допираме и со валкани раце.

Затоа, барем еднаш неделно, па и почесто, добро пребришете ги со антибактериски марамчиња.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-07.jpg

Машина за садови

Да, треба да ја чистите и машината за садови.

Ако ја користите многу често, чистете ја еднаш месечно. Ако ја користите поретко, доволно е и еднаш на двата месеца.

Некои машини имаат опција за самостојно чистење која може да ви заврши работа.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-08.jpg

Корпа за отпадоци

Сите ја чистиме корпата за отпадоци ако ни претече кесата, но треба да го правиме ова дури и кога нема такви незгоди.

Сепак, во корпата се собираат многу бактерии и важно е да ја дезинфицираме.

Доволно е темелно да ја исчистите корпата на секои две недели.

predmeti-vo-domot-koi-site-zaboravame-da-gi-ischistime-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg