9 знаци дека имате премногу работи дома (и просторот ви е затрупан)

Дали само што ќе помислите да чистите дома ве фаќа анксиозност поради хаосот што владее?

9-znaci-deka-imate-premnogu-raboti-doma-i-prostorot-vi-e-zatrupan-01_copy.jpg

Дали постојано трупате работи дома, од облека до украси? Дали чувате работи кои не ви се потребни и само ви прават хаос?

Знаци дека домот ви е претрупан:

- Никогаш не можете да го пронајдете тоа што ви треба.

- Имате многу дупликати од работите, на пример 10 вазни, кои никогаш не ги користите.

- Имате облека со етикети на себе, затоа што едноставно не ѝ дошло ред да ја облечете од што имате многу парчиња во гардероберот.

9-znaci-deka-imate-premnogu-raboti-doma-i-prostorot-vi-e-zatrupan-02.jpg

- Само што ќе помислите да чистите дома ве фаќа анксиозност поради хаосот што владее.

- Работите никогаш не ви се на своето место, затоа што постојано ви „недостигаат“ плакарчиња и фиоки.

- Во домот буквално немате слободна површина, секаде има предмети.

9-znaci-deka-imate-premnogu-raboti-doma-i-prostorot-vi-e-zatrupan-03.jpg

- Имате повеќе од една фиока со ситници кои не ви се потребни и ги чувате за „некогаш“.

- Имате работи со поминат рок, без разлика дали станува збор за козметика или за храна.

- Не се радувате кога се враќате дома и немате чувство на релаксираност кога ќе го поминете прагот по работниот ден или по некое патување.

С. С. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат) Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири ...
Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ) Штом поминале неколку денови од Божиќ и Бадник, време е да ја фрлите преостаната...

Најчитани неделава