9 работи кои (веројатно) ги чувате во замрзнувач и е редно да ги фрлите

Месо оштетено од мраз

Исто како зеленчукот, мразот може да го оштети и месото ако не е добро спакувано.

Иако е безбедно за јадење, ваквото месо ќе биде суво и нема да биде многу вкусно.

9-raboti-koi-verojatno-gi-chuvate-vo-zamrznuvach-i-e-redno-da-gi-frlite-06.JPG

Печива со полнење

Печивата со полнење, без разлика дали благи или солени, не треба да ги чувате бесконечно во замрзнувачот.

Штом ги отворите, треба да ги употребите во рок од месец-два.

9-raboti-koi-verojatno-gi-chuvate-vo-zamrznuvach-i-e-redno-da-gi-frlite-07.JPG

Остатоци од готвена храна што не ги препознавате

Ако имате пластични садови со замрзнати оброци, а не ни препознавате што има во нив, најдобро фрлете ги.

Следен пат најдобро е да запишувате што има во секој сад и кога сте го ставиле во замрзнувач, за да имате претстава до кога им е рокот.

9-raboti-koi-verojatno-gi-chuvate-vo-zamrznuvach-i-e-redno-da-gi-frlite-08.JPG

Стар сладолед

Точно дека сладоледот има подолг рок на траење, но ни тој не трае бесконечно и по некое време му се менува вкусот.

Ако купувате голема количина сладолед, за да го задржите свежиот вкус, подобро веднаш поделете го во помали садови.

9-raboti-koi-verojatno-gi-chuvate-vo-zamrznuvach-i-e-redno-da-gi-frlite-09.JPG

Леб оштетен од мраз

Не само леб, туку секој продукт од тесто кој не е добро спакуван може да се оштети од мразот во замрзнувачот.

Како и за сè што спомнавме претходно, ова има влијание врз неговиот вкус, па најдобро фрлете го.

9-raboti-koi-verojatno-gi-chuvate-vo-zamrznuvach-i-e-redno-da-gi-frlite-10.JPG

Прочитајте и: 10 работи кои се виновни за хаосот во вашата кујна (и време е да ги фрлите)

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Седум работи во домот кои треба да ги фрлите (сега откако помина Божиќ) Штом поминале неколку денови од Божиќ и Бадник, време е да ја фрлите преостаната...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
Осум работи кои е редно време да ги фрлите од подрумот (нема да ви недостасуваат) Ролери од детството на кои има фали тркалце, расипани сијалички за елка, четири ...

Најчитани неделава